Чардаклија
Чардаклија — село во Општина Штип, во околината на градот Штип. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во северниот дел на Општина Штип, од десната страна на реката Брегалница, сместено на патот Штип-Кочани и недалеку од градот Штип, на оддалеченост од околу пет километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 275 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 6 километри.[2] Низ селото поминува патот Штип-Кочани, кој сега е заменет со новиот експресен пат Штип-Кочани на А3. Селото е поделено од самиот пат на Горно и Долно Маало. Горното Маало се наоѓа кон Штип, додека Долното Маало се наоѓа кон Кочани. ИсторијаПодрачјето на Чардаклија било населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат остатоците од населбата пронајдени на наоѓалиштето Бунарче, сместено во близина на селото.[3] За време на српската окупација од 1912 до 1941 година селото силно настрадало.[4] Военочетничката акција за прочистување на теренот од „бугарски комити”, со мали прекини траела за цело време на првата српска окупација на Вардарска Македонија. Потерџиите со голема жестокост се нафрлувале особено ако на некого му се прикачело сомнението дека е јатак на комити на ВМРО или чувар на воени дезертери. За такви виновници четниците на Јован Бабунски ги прогласиле следните селани од Чардаклија: Христо Петров, Иван Милев, Орде Тиквешлиев и Мите Наков. Сите овие четворица биле ноќе одвлечени од четниците. Првите тројца исчезнале беследно и до денес не се знае каде се погубени. Додека за Мите Наков, не само современиците туку и на помладите поколенија им е познато дека е избоден и зариен во земјата во месноста „Маслинка”. Истовремено, лично од Јован Бабунски биле тепани браќата Кирил и Дано Рибарски.[4] Во врска со овој настан еден современик забележал: „Јован Бабунски дојде со четниците во селото за да се пресмета со браќата на Гано Рибарски, писарот на Јован Брло. Неговите браќа Кирил и Дано беа фатени и изврзани од четниците и ги доведоа на гумната. Тука беа довлечени и Христо, Иван, Орде и Мите и жените Гена Иванова, Вида Смилева и Јана Наумова. Кога почнаа да го тепаат со вила Кирил Рибарски, брат му Дано почна да го пцуе постариот брат – комитата Гано Рибарски. Кога тоа нешто го слушна Бабунски, го ослободи Дано, додека Кирил беше толку тепан, така што дома го однесоа во вреќа. Но, здрав човек беше, живееше 105 години. Жените исто така ги тепаа многу, а четворицата мажи ги погубија“.[4] СтопанствоАтарот на селото зазема површина од 8,9 километри квадратни. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 425 хектари, претежно оризови ниви, на пасиштата отпаѓаат 391 хектар, а на шумите само 18 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото работат услужни објекти.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чардаклија живееле 36 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чардаклија имало 56 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото Чардаклија имало 100 Македонци.[7] Селото во 1961 година имало 524 жители, од кои 426 биле Македонци, а 15 жители Турци. Во 1994 година бројот се зголемил на 873 жители, од кои 789 биле Македонци, 49 Власи, 17 Турци и 10 жители Роми.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 922 жители, од кои 878 Македонци, 8 Турци и 36 Власи.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 262 жители, од кои 191 Македонец, 9 Турци, 8 Роми, 37 Власи и 17 лица без податоци.[9] Намалувањето на бројот на жители помеѓу двата пописа се должи на изменувањето на атарската граница на селото и префрлувањето на населбата Балканска во рамки на градот Штип. Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Чардаклија:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Чардаклија било село во Штипската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Три Чешми, во која покрај селото Чардаклија се наоѓале селата Батиње, Врсаково, Доброшани, Долно Трогерци, Криви Дол, Сарчиево, Судиќ, Сушево, Тестемелци и Три Чешми. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Долни Балван, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 2290 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 228 гласачи.[11] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 231 гласач.[12] Културни и природни знаменитости
Личности
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia