Степанци (Штипско)

Степанци

Воздушен поглед на Степанци

Степанци во рамките на Македонија
Степанци
Местоположба на Степанци во Македонија
Степанци на карта

Карта

Координати 41°36′36″N 22°13′01″E / 41.61000°N 22.21694°E / 41.61000; 22.21694
Регион  Источен
Општина  Штип
Област Лакавица
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30054
Надм. вис. 560 м
Степанци на општинската карта

Атарот на Степанци во рамките на општината
Степанци на Ризницата

Степанци — село во Општина Штип, во областа Лакавица, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во најјужниот дел на Општина Штип, во проширената долина на реката Крива Лакавица, чиј атар се издига до сртот на планината Серта.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 560 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 20 километри.[2]

Низ селото поминува регионалниот пат 2433, кој не е асфалтиран, а селото е поврзано со земјен пат од регионалниот пат 1204 кај селото Лакавица.

Историја

Подрачјето на Степанци е населено барем од доцноантичкото време, за што сведочат остатоците од населба пронајдени на наоѓалиштето Кирезл’к, сместено на патот за селото Пухче.[3]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 6,7 километри квадратни. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 289 хектари, на шумите отпаѓаат 222 хектари, а на пасиштата 104 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948234—    
1953267+14.1%
1961107−59.9%
197129−72.9%
198134+17.2%
ГодинаНас.±%
199123−32.4%
199431+34.8%
200212−61.3%
20216−50.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) оd 1900 година, во Степанци живееле 250 жители, сите Турци.[4]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година селото имало 37 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци и 25 до 50 Власи.[6]

Селото е мало и населено со турско население Тоа, во 1961 година броело 107 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 31 жител.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 12 жители, сите Турци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 5 Турци и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 234 267 107 29 34 23 31 12 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Степанци било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Степанци се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лакавица, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2302 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Лакавица.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[3]

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 286. Посетено на 22 март 2025.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 441. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 231.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 март 2025.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 22 март 2025.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya