Читаклија
Читаклија — историско село во Штипско, на границата со Општина Неготино. ГеографијаСелото се наоѓало 15 км југозападно од Штип, во јужното подножје Конечка Планина (Серта), на 5 км југозападно од Хаџи-Сејдели. ИсторијаВо XIX век Читаклија било турско село во Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Читакли имало 150 жители Турци.[2] На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Читакли (Čitakli) како село со нејасен етнички состав.[3] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[4] РодовиЧитаклија било турско село. Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
ИселеништвоСелото е раселено а највеќе иселеници има во Турција. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia