Балталија
Балталија — село во Општина Штип, во областа Лакавица, во околината на градот Штип. Потекло и значење на иметоИмето доаѓа од турскиот збор „балта“ што означува секира или пак директно од апелативот балта што означува „шума што се сече“ и турскиот суфикс -ли. Како целосно друго значење се наведува дека може да доаѓа од балта со значење блато или мочуриште.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во јужниот дел на Општина Штип, во проширената долина на реката Крива Лакавица, лева притока на Брегалница.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 380 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 18 километри.[3] До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204 кај селото Лакавица. ИсторијаПодрачјето на Балталија било населено уште од старохристијанско време, за што сведочат остатоците од базилика во наоѓалиштето Стар Бунар, сместено во близина на селото.[4] СтопанствоАтарот на селото е заеднички со оној на селото Лакавица.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Балталија живееле 70 жители, од кои 40 Турци и 30 Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Балталија имало 32 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[7] Селото е мало и во 1961 година броело 115 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 26 жители, од кои 17 биле Власи, шест Турци и двајца жители Македонци.[3] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 22 жители, од кои 21 Македонец и 1 останат.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 6 Турци и 1 Влав. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Балталија било село во Штипската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип. Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Балталија се наоѓале селата Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лакавица, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 2308 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Лакавица.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 118 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 118 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia