Топлик (порано: Топлиќ ) — село во Општина Штип , во околината на градот Штип .
Географија и местоположба
Селото се наоѓа 12 км југозападно од градот Штип . Атарот зазема простор од 5,5 км2 .[ 2]
Историја
Во XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот Санџак , како дел од Косовскиот Вилает на Османлиската Империја .
По 1961, населбата е целосно раселена.
Во 2014 г. на селото официјално му е вратено од традиционалното име Топлик наместо дотогашното Топлиќ.[ 3]
Стопанство
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 83 — 1953 73 −12.0% 1961 23 −68.5% 1971 0 −100.0% 1981 0 0.00%
Година Нас. ±% 1991 0 0.00% 1994 0 0.00% 2002 0 0.00% 2021 0 0.00%
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика “) од 1900 година, во Топлик живееле 42 жители, сите Македонци .[ 4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи .[ 5]
Во 1953 година во селото живееле 73 жители, сите Власи . Селото е напуштено по 1961 година, кога броело 23 жители, од кои 12 Албанци и 11 Македонци .[ 6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
42
—
83
73
23
0
0
0
0
0
0
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 7] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 8] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 9] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 10]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта
Хисар — населба од доцноантичко време во тромеѓата помеѓу Топлик, Едеклерци и Хаџи-Хамзали
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија . Скопје: Патрија. стр. 297.
↑ „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF) . Сл. Весник на Р Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година . Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28. Посетено на 2020-05-29 .
↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 231.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г. . Државен завод за статистика.
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
Надворешни врски
Грбот на Општина Штип Раселени Историски Ново Село се водело како дел од градот Штип од Пописот 2021