Крњевци

Крњевци
Крневци

Воздушен поглед на местоположбата на историското село Крњевци

Крњевци во рамките на Македонија
Крњевци
Местоположба на Крњевци во Македонија
Крњевци на карта

Карта

Координати 41°52′44″N 22°8′2″E / 41.87889°N 22.13389°E / 41.87889; 22.13389
Регион  Источен
Општина  Штип
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 032
Шифра на КО
Надм. вис. 427 м
Крњевци на општинската карта

Атарот на Крњевци во рамките на општината
Крњевци на Ризницата

Крњевци или Крневци — историско село во Штипско, во атарот на денешното село Судик, Општина Штип.

Денес, на селото се наоѓаат пасишта.

Географија и местоположба

Селото било сместено на 3 километри североисточно од селото Судик, во јужното подножје на планината Манговица. Денес, местото се допира со атарот на Трооло, Општина Пробиштип.

До местото на селото може да се дојде преку земјен пат кој води од селото Горно Трогерци.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крњевци живееле 54 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крњевци имало 64 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На етничката карта од 1927 година, Леонард Шулце Јена го наведува Крњевци (Krnevci) како село со нејасен етнички состав.[4]

Самоуправа и политика

Во XIX век, Крњевци било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya