Танатарци

Танатарци

Воздушен поглед на Танатарци

Танатарци во рамките на Македонија
Танатарци
Местоположба на Танатарци во Македонија
Танатарци на карта

Карта

Координати 41°39′2.88″N 22°16′48″E / 41.6508000°N 22.28000°E / 41.6508000; 22.28000
Регион  Источен
Општина  Штип
Област Лакавица
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30058
Надм. вис. 580 м
Танатарци на општинската карта

Атарот на Танатарци во рамките на општината
Танатарци на Ризницата

Танатарци — село во Општина Штип, во областа Лакавица, во околината на градот Штип.

Потекло и значење на името

Воздушен поглед на селото

Името на селото првпат е споменато во турски документи од XVI век (1519 г.). Има две варијанти за значењето на името: едното е дека доаѓа од зборот „Танатар“ што се поврзува со грчкиот јазик со значење „убиец, оној што носи смрт“, додека второто е дека има турско потекло.[2]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Општина Штип, во областа Лакавица, од десната страна на реката Крива Лакавица.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 580 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено малку повеќе од 25 километри.[3] Танатарци се наоѓа во западното подножје на планината Плачковица.

До селото води земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204 кај клучката со експресниот пат на А4 и како асфалтен пат води до селото Горачино.

Историја

Во Првата балканска војна, 2 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

За време на српската окупација од 1912 до 1941 година селото силно настрадало.[5] Во ова населено место селаните и тоа: старците, жените и децата, меѓу април 1914 и октомври 1915 година, биле тепани во три или четири наврати. Во пролетта 1915 година бил одвлечен од српските четници и војници Данаил Стојанов, кој исчезнал беследно. Постои сведоштво дека жив бил закопан (но овој податок не може да се смета за утврдено веродостоен).[5]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 8,6 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 441 хектар, на пасиштата отпаѓаат 289 хектари, додека на обработливото земјиште 101 хектар.[3]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948138—    
1953136−1.4%
1961115−15.4%
197173−36.5%
198126−64.4%
ГодинаНас.±%
199112−53.8%
199414+16.7%
20028−42.9%
20211−87.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Танатарци живееле 120 жители, сите Македонци.[6]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Танатарци имало 160 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Селото е мало, во фаза на раселување. Во 1961 година, селото броело 115 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 14 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 160 138 136 115 73 26 12 14 8 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Танатарци било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Танатарци се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Лакавица, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2310 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница на селото Горачино.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[16]

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 157-158. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 293. Посетено на 23 март 2025.
  4. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 883. ISBN 954-9800-52-0.
  5. 5,0 5,1 Галев, М-р Димитар (1991). Белиот терор во Југоисточна Македонија 1912–1941 година; Книга прва. Штип: Друштво на наука и уметност. стр. 677.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 март 2025.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
  16. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 22 февруари 2025.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya