Селце (Штипско)За други истоимени места, погледајте Селце.
Селце — село во Општина Штип, во околината на градот Штип. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Штип, во долното сливно подрачје на реката Крива Лакавица, од нејзината лева страна. Атарот на селото се издига до сртот на планината Серта, каде на мал дел се допира со подрачјето на Општина Неготино.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 500 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 13 километри.[2] Низ селото поминува регионалниот пат 2433, кој до селото е асфалтиран. ИсторијаПодрачјето на Селце било населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Јарма, сместено околу 700 метри северно селото.[3] СтопанствоАтарот на селото е голем и зафаќа простор од 23,2 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 1.083 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 779 хектари и на пасиштата 345 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото работи продавница.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селце живееле 372 жители, од кои 42 Македонци и 330 Турци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Селце имало 40 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци, 100 Власи и 25 до 30 Македонци.[6] Во 1961 година, селото броело 521 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 227 жители, од кои 177 биле Турци, 32 Македонци, 12 Срби и двајца жители Власи.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 169 жители, од кои 18 Македонци, 146 Турци и 5 Срби.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 140 жители, од кои 15 Македонци, 107 Турци, 2 Срби и 16 лица без податоци.[8] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Селце:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Селце било село во Штипската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип. Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Драгоево, во која покрај селото Селце се наоѓале селата Драгоево, Едеклерци, Јамуларци, Пенуш, Скандалци, Софилари, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Сејдели, Хаџи Хамзали и Црешка. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Драгоево, во која влегувале селата Драгоево, Пенуш, Селце, Софилари, Топлик, Хаџи Реџепли, Хаџи Хамзали и Црешка. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 2306 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 168 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 178 гласачи.[11] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia