Свети Никола Чудотворец (кована пара од 2018 година)
ОписЛицеНа лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија, а под него годината на издавање „2018“. Во горниот дел на македонски е испишана деноминацијата „10 денари“, додека во долниот дел исто така на макеедонски јазик името на земјата која ја издава кованата пара „Република Македонија“. На обете страни од монетата долж вертикалните рабови има цветен украс.[1] ОпачинаНа опачината, во средишниот дел од монетата е прикажан ликот на Свети Никола со испечатен златен ореол и украс во позадина. Над ликот на светецот се поставени два розови кристали Сваровски. Долж вертикалните рабови е испишано името на светецот кој е прикажан на парата, а во долниот лев агол е испишана ознаката „Аg 925“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia