Во XIX и почетокот на XX век Џами Маала било чисто македонско село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Џеми (Djémi) имало 18 домаќинства со 48 жители муслимани.[3] Ова најверојатно е погрешно.
Џами Махала, на Ј од Кавакли до Струма, 3 часа до Сер; за време на многу вода плива како остров. Почвата е прекрасна, но често страда од оплоави. Патот рамен, но секогаш тинест. 26 куќи, македонски.[4][5]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година Џами Маала имала 172 жители, кои во 1920 г. броело 190 лица.[9] Населението го напуштило селото, а на негово место властите довеле грчки колонисти. Во 1927 г. селото е преименувано во Кувуклион. На пописот од 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 190 лица (41 семејство) грчки доселеници.[10]
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN954-8187-21-3.
↑Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 842.