Селото се наоѓа на 7 км северозападно од градот Сер и на 3 км северозападно од Каваклија. Лежи во Серското Поле, недалеку од југозападните падини на планината Шарлија. Низ атарот минува Европскиот пат Е79.
Историја
Во Отоманското Царство
Во минатото селото се нарекувало Долене и се наоѓало понасевер, на планината Шарлија. До средината на XVIII век било чифлик на манастирот „Св. Јован Претеча“, за кое имало султански ферман. Во 1770 г. чифликот е самоволно присвоен од бегот Возникоглу и неговите наследници. Негов последен стопан бил Сулејман-бег. На местото на денешното село имало друг чифлик.[3]
Во XIX век Христос било чисто македонско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Христос (Christos) имало 34 домаќинства сочинети од 98 жители Македонци.[4][5] В 1878 година поп Иван от Христос е затворен в Сяр, защото въвел българския език в богослужението.[6]
Ристос, чифлик на Ада-бег серјанин, на З од Вишен кај пазувите на една вейка от Бродска Планина. Од Сер патот е рамен и фаќа нешто околу 11⁄2 час. Се зборува дека ова село било чифлик на манастирот Маргарит. Куќи 30 само македонски.[7] Грчка црква „Св. Ѓорѓи“.[8]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 137 жители, а во 1920 г. нивниот број се накачил на 171 лице.[2] Во 1924 г. властите довеле биле сместени грчки колонисти, од кои повеќето биле сместени на 1 км западно. Таа западна населба почнала да се нарекува Долно Христос, а старата Горно Христос. Во 1928 г. се попишани двете населби заедно (како Христос) со вкупно 450 жители,[2] од кои 285 лица (79 семејства) биле грчки дојденци[11].
Сè до 1940-тите Горно Христос останало македонско. До 1940 г. кмет на селото бил Тодор Печанов. Таа година броело 370 жители[2] (54 семејства).
Во 1960-тите жителите на Горно Христос почнале да се иселуваат во Долно Христос. Во 1972 тоа веќе имало само 2 житела, а во 1981 г. се води како напуштено.[2] Селаните си ги задржале имотите во старата населба и продолжуваат да ги обработуваат.
Според бугарски извори, со повлекувањето на бугарската војска во 1944 г. сите жители на Горно Христос се иселиле во Бугарија и денес нивните потомци живеат во Петрич, Петричко, Пловдив, Кнежа и други.[3]
↑ 3,03,1Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 23.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN954-8187-21-3.
↑Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354.
↑Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 840–841.
↑ 14,014,1Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 134.
↑Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 150.