Фраштани
Фраштани (грчки: Ορεινή, Орини; до 1927 г. Φρασταινα, Фрастена[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 575 жители (2021), сочинето исклучиво од Македонци.[3] ГеографијаФраштани се наоѓа 15 км северно од градот Сер, во јужното подножје на планината Шарлија. Низ него тече реката Серовица, тука наречена Фратска Река. Селото традиционално се дели на Горно Фраштани и Долно Фраштани (денес на грчки Ано Орини и Като Орини или само Орини). Остатоците од познатото село Баница се 4 км источно од Фраштани. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоМесното предание вели дека името на селото доаѓа од зборот враштање („враќање“ на серски дијалект). Според неа, пред 350-400 години во селото имало голема епидемија на колера и целото село било напуштено. Подоцна повратените жители му го дале новото име, за да го овековечат нивното враќање.[2] За настанокот на селото, преданието вели дека е основано тројца браќа — Енчо, кој живеел во месноста Нагледа, Јудан, кој живеел во Јуданово, и Геракар, кој живеел во Геракаре. Овие три населени места се соединиле поради страв од разбојници.[4] На крајот на XIX век Фраштани е забележано како чисто македонско село. Жителите се занимавале со рударство, промивајќи руда по падините на Шарлија, која ја продавале по селата во Мрвачко. Со опаѓњето на рударството, фраштанци почнале да се занимаваат со земјоделство, сточарство и кираџиство (превоз).[5] Црквата „Св. Троица“ во Горно Фраштани е од првата половина на XIX век,[6] а „Св. Марина“ во Долно Фраштани е изградена во 1836 г.[6] Жителите на Фраштани зеле активно учество во Македонското востание од 1878 г.[7] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Фраштене (Fraschténe) е село со 107 домаќинства од вкупно 345 жители Македонци.[8][9] Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за селото:
Во својста статистика, Верковиќ забележал дека селото се состоело од 227 македонски куќи.[10][12] Кон крајот на XIX век во Фраштани работела грчката пропаганда на духовен и образовен план, иако во црквите напоредно се користел и народниот јазик. Во 1891 г. охридскиот деец Георги Стрезов напишал дека селото било дел од областа Баницакол и вели:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горно Фраштан живееле 545, а во Долно Фраштан — 780 Македонци.[8][14] Подоцна во Фраштани проработела и бугарската пропаганда. Сите жители на обете села биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Долно Фраштани имало 1.120 Македонци, сите под егзархијата, а во Горно Фраштани — 768. И во двете села работеле бугарски училишта.[8][15] На 16 јули 1909 г. истакнатиот егзархист Костадин Петров е убиен од грчки терористи меѓу селата Календра и Ениќој.[16] Според училишниот инспектор Константин Георгиев, во 1910 г. во Горно Фраштани учителствувал Велик Георгиев, кој имал 28 ученици (27 машки и 1 женско), а во даскал во Долно Фраштани бил Паско Илиев, со 29 ученици (27 машки и 2 женски).[17] Георгиев посочил дека Долно Фраштани има 150 куќи, а целото село се состои од две маала, секое со своја црква.[17] За време на Првата балканска војна во 1912 г. Фраштани е окупирано од Седмата рилска дивизиja на Бугарската армија. Тогаш Горно Фраштани имало 120, а Долно Фраштани — 150 куќи.[5]
Во ГрцијаГрчката војска стасала во селото на 10-11 јули 1913 г.[18] Неколку дена пред нејзиното пристигање, месното население било предупредено дека Грците при окупацијата ќе спроведуваат казнени мерки. Прво ќе ги бараат учителот и попот. Учителот Велик Георгиев и други селани натовариле сè што можеле и заминале во Бугарија.[19] Во јули 1913 г. селото е запалено од грчката армија.[18] По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција по сила на Букурешкиот договор. Истата 1913 г. Горно Фраштани броело 532, а Долно Фраштани — 691 жител.[20] Во 1920 Горното имало 373, а Долното — 653 лица.[3] По војната од Горно Фраштани се иселиле десет македонски семејства, а во 1925 г. и сите останати, освен 23 кои се преправале дека се прогрчки. Од Долно Фраштани се иселиле само 10-15 семејства, а останатите решиле да се преправаат дека се прогрчки настроени. Бегалците од Горно Фраштани се населиле во Селџиково (Калојаново), Пловдив, Сливен, Неврокоп (Гоце Делчев), Белица, а од Долно Фраштани во Свети Врач (Сандански) и Неврокоп.[5] Во 1927 г. селото (како целина) е преименувано во Орини, што во превод значи „планинско“.[21] На пописот од 1928 г. Горно Фраштани броело 133, а Долно Фраштани — 632 лица.[3] Во 1940 г. е забележано дека Горно Фраштани има 216, а долно Фраштани — 827 жители.[3] За време на Граѓанската војна целото население на селото е префрлено во градот Сер за негово контролирање. Жителите на Фраштани и денес зборуваат македонски.[2] По војната, населението продолжило да се качува. Порастот траел сè до 1970-тите, кога дел од жителите почнале во да се иселуваат во градовите, со што бројот на жителите забележително опаднал. Ова трае до денес.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Белешка: Сè до пописот од 2001 г. двете маала се броеле одделно, па затоа погоре се дадени збирни бројки. Поединечните бројки за Горно, односно Долно Фраштани за периодот од 1940 до 1991 г. се следниве: 216+827, 198+809, 316+982, 312+911, 189+718, 204+626. СтопанствоВо Фраштани се одгледува жито, компири и тутун, а застапено е и сточарството.[3] Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia