Каваклија или Кавакли (грчки: Λευκώνας, Левконас; до 1928 г. Καβακλή, Кавакли[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес тие се околу половина од населението.[3]
Географија
Селото се наоѓа во Серското Поле, на 5 км северозападно од градот Сер.
Во 1891 г. Георги Стрезов вели дека селото е дел од областа Овакол и напишал за него:
„
Кавакли, чифлик на х. Зеки-бег, како и Вишен. Кавакли е најплодното село по целото поле; пространа земја за орање, градини, ливади, кошари за овци. Се наоѓа на З од градот 1⁄2 час. 50 куќи, македонски.[6][7]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 462 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 410.[3] Сосема мал број семејства се иселиле во Бугарија под притисок на грчката власт, но во селото сепак биле доведени грчки колонисти. Во 1928 г. селото е преименувано во Левкон. На пописот од таа година Каваклија е заведено како етнички мешано село со 1.514 жители[3] од кои 755 биле дојденци (198 семејства), а остатокот македонски мештани.[11] Владата на дојденците им изградила нови куќи.
Црквата „Св. Ѓорѓи“ в Горно Каваклия е от първата половина на XX век.[12]
Месности во Каваклија преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN954-8187-21-3.
↑Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 842.