Горна Камила
Горна Камила или Христијанска Камила (грчки: Άνω Καμήλα, Ано Камила) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 546 жители (2021). Го носи алтернативното име „Христијанска“ за да се разликува од другата, Долна Камила (наречена Турска), која имала турско малцинство меѓу Македонците. Во минатото Горна Камила била населена исклучиво со Македонци, кои денес имаат двотретинско мнозинство, а останатите жители се грчки доселеници.[2] ГеографијаСелото е сместено во средиштето на Серското Поле, западно од градот Сер и северно од Ениќој. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Христијан Камила (Christian-Kamila) било село со 40 домаќинства на вкупно 138 жители Македонци.[3][4] Во 1891 г. охридскиот Георги Стрезов го завел селото како дел од областа Овакол и напишал дека за време на неговата посета Горна Камила била во рушевини, урнисана од Струма.[5]}} Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) брои 180 жители, сите Македонци христијани.[3][6] Во ГрцијаПо Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 387 жители, кое во 1920 г. се зголемило на 423 лица.[2] Според пописот од 1928 година Горна Камила имала 491 жител,[2] од кои 150 жители од 31 семејство биле дојденци.[7] Во 1940 г. населението броело 531 жител, за во 1961 г. да достигне 813 лица. Во 1960-тите дошло до извесно иселување во градовите, но подоцна населението повторно се накачило.[2] Во 2000-те бројноста повторно се намалила, од 746 во 2001 до 682 во 2011 г. Во 1987 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[8] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото има мошне плодно земјиште кое дава по две богати реколти годишно. Се одгледуваат големи количества памук, пченка, жито, фуражни култури и друго, а застапено е и краварството.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia