Мертатово (познато и како Мертатево или Мертат; грчки: Ξηρότοπος, Ксиротопос; до 1927 г. Μερτάτη, Мертати[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Населението брои 106 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во јужните падини на планината Шарлија, на 15 км северно од градот Сер, во долината на реката Серовица, на надморска височина од 720 м.[3]
Мертатово, село на југ од Фраштане, од Сер на 2 часа растојание. Сместено е на едно возвишение, до дол. Патот е стрмен и насекаде камен. Работно земјиште многу малку; се сее пченка, грав. Слегуваат во полските села да работат. Повеќето се дрвари и сточари. Црква „Св. Димитриј“, се служи на грчки. Пред неколку години имало бугарско училиште. Сега нема никакво. 80 куќи и 400 жители, сите Македонци.[8]
Под притисок од грчките власти, 70 Македонци принудно биле иселени во Бугарија. Во селото никогаш не биле сместена бегалци, така што останало чисто македонско.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Ксиротопос (Ξηρότοπος), во превод „суво место“.[2]
Населението произведува компири, жито и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
281
297
408
286
174
172
177
138
106
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1920 година, селото станало самостојна општина. Општината Мертатово била приклучена во општината Сер во 1947 година.[3]
Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сер, во кој е влегуваат истоимениот град и селата Заба и Метох.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN954-8187-21-3.
↑Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 23.