Баница (Серско)За други значења на поимот, погл. Баница (појаснување).
Баница (грчки: Καρυές, Кариес; до 1922 г. Μπάνιτσα, Баница[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до неговото уништување во Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци. ГеографијаОстатоците од селото се наоѓаат 20 км северно од градот Сер, во падините на планината Шарлија. Низ нив тече реката Серовица, која месно се нарекува Фратска Река, по соседното село Фраштани.[2] ИсторијаЈордан Иванов пренесува предание според кое првобитното село било уништено од чума, а потоа обновено од Македонци од соседните села и од Арнаути. Околу селото имало многу рушевини во месностите Калата, Градиште и Карпаче. На еден час северезападно имало остатоци од стара црква.[2] Сè до средината на XIX век жителите на Баница се занимавале со промивање на магнетитен песок. Со замирањето на железарството во втората половина на векот селаните почнале да се заминаваат со изработка на дрвен јаглен, кој го продавале во Сер.[2] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Баница (Banitsa) имала 101 домаќинство со 330 жители Македонци.[3][4] Во 1877 г. во Баница имало унијатска црква, во која служеле свештениците Димитар Ламашев и Захариј Запрев.[5] Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Баница:
Во неговите таблици Верковиќ ја обележал Баница како село со 131 македонска куќа.[6][8] Кон крајот на векот во селото активно работела грчката пропаганда. Во 1891 г. Георги Стрезов напишал дека селото е дел од областа Баницакол и вели:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Баница живееле 840 Македонци христијани.[3][10] Во селото лесно продрела и бугарската пропаганда. На почетокот на векот сето село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 1.080 Македонци, сите под егзархијата.[3][11] Кај селото на 4 мај 1903 г. се одиграла битка помеѓу единиците на МРО и турската полиција во која загинал националниот херој Гоце Делчев. Жителите на Баница зеле активно учество во Илинденското востание, поради што турската војска во одмазда го бомбардирала со топови, потоа запалила 88 куќи во селото, и единствено преживела црквата.[12] Изгореле пет селани, четворица биле убиени, а 24 ставени во затвор.[13] Во 1910 г. според училишниот инспектор на Бугарската егзархија во Сер, Константин Георгиев, во Баница работело бугарско училиште со учител Б. Христов и вкупно 30 ученици (27 машки и 3 женски).[12] При избувањето на Првата балканска војна во 1912 г. деветмина баничани се пријавиле за доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[14] Истата година селото е окупирано од бугарската војска, кога во него се избројани 160 куќи.[2] Сепак, во Втората балканска војна во 1913 г. Баница била сосема разорена и изгорена од грчката војска; еден дел од жителите биле ликвидирани, а други пребегале во Пиринска Македонија, со што селото било целосно напуштено.[15] Пребегнатите баничани се населиле во Мехомија (Разлог), Бачево, Неврокоп (Г. Делчев), Свети Врач (Сандански) и на други места.[2] Во 1922 г. властите го преименувале селото во Кариес.[16] По 1919 г. дел од унијатските жители на селото се заселиле покрај Станица Левуново, каде го основале селото Делчево, денес наречено Ново Делчево.[5] Дел од населението подоцна се повратило во Баница, така што во 1920 г. селото броело 170 жители.[13] Поради притисоците на грчките власти, во 1924 г. од Баница се иселиле 54 жители, поради што во 1928 г. во неа останале 95 лица. Малку подоцна и преостанатите жители биле истерани од разореното село, и истото било отпишано.[13] Денес селото е напуштено и е во рушевини. Единствената зачувана граба е камбанаријата, изградена во 1883 г. на која стои натпис на месниот серски дијалект со името на нејзиниот градител — „Мастора Георги Диму[в] Жиљув“. Останат е и источниот ѕид на црквата со апсидата, на кој јасно се познаваат остатоци од живописот. До црковниот олтар се наоѓал првиот гроб на Гоце Делчев. Во јуни 2015 г. на ѕидот на камбанаријата е поставена спомен-плоча на Гоце Делчев од бугарскиот политичар Костадин Костадинов и група следбеници. Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia