Неволјани (Серско)Оваа статија се однесува на село во Серско. За други места, погл. Неволјани (појаснување).
Неволјани или Неволен (грчки: Βαμβακιά, Вамваќа; до 1928 г. Νεόλιανη, Неволјани[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 395 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се значајно малцинство заедно со грчките доселеници.[3] ГеографијаСелото се наоѓа во средиштето на Серското Поле, западно од градот Сер и јужно од Ениќој. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Неволјани е заведено како македонско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Неволене (Névolène) било село со вкупно 102 домаќинства, од кои 180 жители биле Македонци, а 120 биле муслимани.[4][5] Овој податок е или погрешен, или значи дека муслиманите подоцна го напуштиле селото. Во 1891 г. охридскиот деец Георги Стрезов напишал дека селото е дел од областа Овакол и вели:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото се остоело од 600 Македонци христијани.[4][7] Во 1904 г. е изградена црквата „Св. Антониј“, наполно обновена во 1955 г.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Неволјани (Novolen) имало 640 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија (грчката црква).[9] Во ГрцијаПо Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. броело 518 жители, кои поради Првата светска војна во 1920 г. се намалиле дури на 284 лица.[3] Во 1924 г. грчките власи иселиле неколку семејства во Бугарија, а на нивно место довеле грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Вамваќа, што значи „памук“.[10] Така, во 1928 г. Неволјани станало мешана населба со вкупно 572 жители, од кои 344 лица (85 семејства) биле грчки дојденци, а останатите биле домородни Македонци.[11] Во 1940 г. во Неволјани се попишани 539 лица. Населението нагло пораснало во текот на 1950-тите, при што во 1961 г. имало 915 жители. Ова се променило во 1980-тите, кога е забележан позначаен пад,[3] иако најсилниот пад во бројноста се случил во 2000-тите, кога населението опаднало од 700 во 2001 на 530 во 2011 г. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението одгледува големи количства памук, жито, фуражни култури и друго. Застапено е и краварството.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia