Мрамор (Серско)
Мрамор (грчки: Καπετανούδι, Капетануди; до 1926 г. Μαραμόρ, Мрамор[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територија на денешната општина Сер на Серскиот округ, Грција. Традиционално било населено со Турци.[2] ГеографијаСелото се наоѓа на јужните падини на планината Шарлија, северозападно од Сер и југозападно од Мертатово. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Мрамор било чисто турско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во селото (Mramor) имало 75 домаќинства со 195 жители Турци.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 во Мраморъ имало 300 жители Турци.[4] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото веројатно настрадало во војните бидејќи во 1913 г. е попишано со само 35 жители. Во 1920 г. жителите се вратиле, и населението пораснало на 149 лица.[2] Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место дошле 20-тина семејства кои не биле грчки колонисти, туку веројатно сточари.[2] Во 1928 г. Мрамор имал 79 жители, а во 1940 г. во него се попишани 78 лица.[2] Селото настрадало за време на Втората светска или Граѓанската војна и потоа е отпишано. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia