Календра
Календра (грчки: Καλά Δένδρα, Кала Дендра; до 1926 г. Καλένδρα, Календра[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.131 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, кои денес се околу една третина од жителите.[3] ГеографијаСелото е сместено во Серското Поле, околу 9 км западно од градот Сер. Лежи на железничката линија Кулата - Валовишта - Сер - Драма. ИсторијаПотекло на поимотСе смета дека името потакнува од поимот „календер“, кој е персиски збор навлезен преку турскиот, и значи „испосник, филозоф, дервиш-скитач“.[4] Во Отоманското ЦарствоВо XIX век Календра е заведено како чисто македонско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Календра (Kalendra) имало 242 Македонци 76 семејства.[5][6] Во периодот меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Во 1891 г. охридскиот деец Георги Стрезов го завел селото како дел од областа Овакол и напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото има 660 жители Македонци христијани.[5][9] Во првото десетилетие на XX век македонското население на селото било поделено во две цркви — грчката и бугарската. Од нив, во образовна смисла, како посилна се покажала бугарската пропаганда. По Илинденското востание во 1904 г. речиси сите жители (78 куќи) прешле под врховенството на Бугарската егзархија, а само 10 останале под Цариградската патријаршија (грчката црква).[10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Календра (Kalendra) имало 624 Македонци под егзархијата и 224 под Цариградската патријаршија, а во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 28 ученици.[5][11] До 1912 г. половината од селото било чифлик. Во ГрцијаВо Првата балканска војна селото било окупирано од бугарската армија, а по Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 221 жител, а во 1920 г. се зголемило на 265 жители.[3] Ова претставува огромен пад на населението во однос на предвоените години, кога било барем 4 пати побројно. Во 1922 г. е изградена нова црква „Св. Ѓорѓи“ на местото на храм уништен во Балканските војни.[12] Во 1926 г. селото е преименувано во грцизираниот облик Кала Дендра. Поради плодните површини, властите во Календра довеле 667 грчки колонисти (166 семејства) и за нив изградиле нови живеалишта.[3] Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано, со 981 жител,[3] од кои 667 биле грчки дојденци.[13] Во 1940 г. селото броело 951 жител. Населението почнало да покажува пораст во 1960-тите и продолжило со развој и устојчивост сè до 2000-тите, кога доживеало извесен пад.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоВо Календра се одгледуваат памук, жито, фуражни култури и др. Застапено е и краварството.[3] Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia