Чучулигово, на ЈИ од Елшани нешто 3⁄4 часа пат. Во сред поле, како и горното село.[7] Има дел од нивјето, чифлик Нашикбегов од Сер. Црквата „Св. Атанас“ е гркоманска. Куќи 50 македонски.[8][9]
Најимотен и највлијателен жител на селото бил Петар Ушев. Парично го потпомагал ВМОРО. Исто така давал пари за изградбата на бугарски училишта и цркви.[14]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Поради војната, селото таа година имало само 361 жител.[3] Непосредно по Првата светска војна голем дел од населението се преселило во Пиринска Македонија, основајќи го денешното село Чучулигово, Петричко. Во 1920 г. во селото се попишани 238 лица.[3] Во 1924 г. под притисок на властите во Бугарија се иселиле уште неколку семејства,[3] а властите во селото довеле грчки колонисти. Во 1927 г. селото е преименувано во Анагенисис, во превод преродба. На пописот од 1928 г. Чучулигово е претставено како етнички мешано село со 767 жители,[3] од кои 464 дојденци (111 семејства), а останатите македонски мештани.[15]
По повлекувањето на бугарската војска на 9 септември 1944 г. Чучулигово страдало од напади на разбојнички андартски чети на Андон Чауш. На 20 февруари 1945 година г. селото е нападнато и ограбено, 15 души се уапсени, а 33 истерани во Бугарија.[16]
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN954-8187-21-3.
↑нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 841.