Ајдонохор
Ајдонохор или Ајдарохор (грчки: Αηδονοχώρι, Ајднохори) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2021). ГеографијаСелото е сместено 3 км западно од гратчето Лапчишта, крај патот за Коница и Јанина.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа крајот на ХІХ век Ајданохор било чифлигарско село во Населичката каза. Наречено е по некојси Ајдар кој некогаш бил сопственик на чифликот.[3] Ајдонохор е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век. Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. во селото (Αηδοχώρι) живееле 150 Грци христијани.[4] Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1904 г.[5] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 213 жители.[6] Во 1920 г. населението се намалило на 181 жител. Во следниот период тука е доселено едно грчко доселеничко семејство со 3 лица, па во 1928 г. селото имало 131 жител.[2] Во 1940 г. населението се зголемило на 343 жители, но набргу потоа почнале бранови на иселување во поголемите градови. Така, во 1951 г. бројот на жители се преполовил на 153, а во 1971 г. доживеал повторно преполовување, овојпат на 70 лица.[2] Во 1966 г. на местото на старата разурната црква „Св. Атанас“ е изградена нова.[7] Иселувањата продолжиле и во следните десетлетија. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението се занимава со земјоделство. Одгледува жито и други култури.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia