Царишта (Населичко)
Царишта (грчки: Άγιος Θεόδωρος, Агиос Теодорос; до 1927 г. Τσάριστα, Цариста[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 19 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Населица, околу 20 км западно од градот Лапчишта, во падините на планината Горуша, на надморска височина од 770 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоПо името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Царишта било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Царишта живееле 112 Грци, од кои 50 христијани и 72 муслимани (Валахади).[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Царишта е претставено како чисто грчко село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак со 24 куќи.[5] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Царишта живееле 125 Грци муслимани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Царишта (Tzarichta) има 120 Грци.[7] На етничката карта на Костурското братство е обележано дека во 1912 г. Виделуш било „грчко“ село. Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 105 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 95.[3] Во 1923 г. муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 10 бегалски семејства (вкупно 49 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 г. името на селото било променето во Агиос Теодорос (Άγιος Θεόδωρος).[2] СтопанствоНаселението одгледува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаОпштината Царишта била приклучена во општината Цотил во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша. Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Царишта, во кој влегуваат и селата Мазган и Чавалер. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia