Пелка
Пелка (грчки: Πελεκάνος, Пелеканос; до 1927 г. Πέλκα, Пелка[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 232 жители (2021). Географија и местоположбаСелото е сместено на западните падини на Сињак, околу 22 км северно од гратчето Сачишта, на надморска височина од 760 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Пелка било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Пелка живееле 580 Грци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Пелка живееле 575 Грци.[5] Според грчка статистика од 1904 г. во Пелка живееле 585 Грци христијани.[6] Во ГрцијаПо Балканските Војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 664 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 594 лица.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Πελεκάνος (Пелеканос). СтопанствоНаселението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со краварството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Сињак со седиште во селото Враништа, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пелка, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитостиЦркви
ЛичностиРодени во Пелка
Починати во Пелка
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia