Сломиште
Сломиште или Сломишта (грчки: Στέρνα, Стерна; до 1927 г. Σολομίστι, Соломисти[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021). ГеографијаСелото е сместено околу 8 км северозападно од Лапчишта, на патот за Нестим и Рупишта. На северозапад се граничи со костурското село Ресулјани. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоОд името на селото се гледа дека првично било македонско. На крајот на ХІХ век Сломиште било село во северниот дел на Населичката каза. Сломиште е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век, како и од грчката статистика од 1904 г. на конзулатот во Еласона и онаа од 1910 г. издадена во Атина. Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. Сломиште е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 125 жители, а во 1920 г. имало 120.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Стерна. Во 1928 г. населението се накачило на 145 лица, а во 1940 г. достигнало 163 жители. Во следниот период почнало да опаѓа и неговото население продолжило да се смалува до денес. Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1913 г. врз темелите на постар храм.[4] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia