Бања (Населичко)За други значења на поимот, погл. Бања (појаснување).
Бања (грчки: Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви; до 1927 г. Μπάνια, Бања[1])— поранешно село во Населичко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Горуша во областа Западна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓало во областа Населица, 15 км југозападно од градот Лапчишта и околу 10 км западно од Цотил. ИсторијаСпоред податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Бања живееле 55 Грци.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бања (Bania) има 55 Грци под патријаршијата. Според грчка статистика од 1910 г. населението на селото броело 45 жители,[3] По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во истата година во Бања се запишани 43 жители.[4] Во 1927 г. селото е преименувано во Агија Параскеви. Во пописот од 1928 г. е забележано со 26 жители, а во 1940 г. со 27 жители.[4] Бидејќи Бања настрадала во времето на Граѓанската војна, жителите го напуштиле селото. По војната, селото не било обновено.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia