Радовишта (Населичко)
Радовишта (грчки: Ροδοχώρι, Родохори; до 1928 г. Ραδοβίτσι, Радовици или Ραδοβίστι, Радовисти[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 27 жители (2021). Географија и местоположбажСелото е сместено во областа Населица, крај патот кој води за Гребен на надморска височина од 730 м. Лежи југозападно од Лапчишта и источно од Жупан.[3] Во непосредна близина на селото е Цукарев мост. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Радовишта било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Радовишта живееле 366 Грци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Радовишта (Radovichta) има 325 Грци под патријаршијата.[5] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Радовишта живееле 150 Грци христијани.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Радовишта се запишани 471 жители, кои во 1920 г. се намалиле за 316 лица.[3] Во 1928 г. во селото живееле 344 лица. Истата година македонското име на селото му било сменето во Родохори.[3] СтопанствоНаселението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia