Сокол (Населичко)
Сокол (грчки: Παρόχθιο, Парохтио; до 1927 г. Συγκόλι(ον), Синголи(он)[2]) — напуштено село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Иако е запустено и во урнатини, селото не е отпишано. ГеографијаНапуштеното село се наоѓа во областа Населица, десетина километри јужно од гратчето Лапчишта и околу 7 километри југоисточно од Цотил. Лежи помеѓу свиоците на реката Праморица. Атарот на југ му се граничи со гребенското село Дувруништа. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоОд името е очигледно дека селото првично било македонско. На крајот на XIX век Сокол (Сингол) било чифлигарско село во јужнот крај на Населичката каза. Според Васил К’нчов во 1900 г. во Сокол (Соколъ) живееле 30 Валахади (Грци-муслимани).[3] Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. Синголион (Συγκόλιον) имал 50 Грци христијани,[4] очигледно погрешно заведувајќи им ја вероисповедта. Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. Сокол е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи пострадало во војните, на пописот од таа година е заведено како напуштено,[5] а истата состојба е забележана и во 1920 г.[6] Во 1923 г. тука властите сместиле грчки дојденци од Мала Азија, па на пописот од 1928 г. е Сокол е заведен како наполно дојденско село со 68 грчки дојденци (20 семејства).[7] Во 1927 г. е напуштено дотогашното грцизирано македонско име Синголи во полза на новото име Парохтио, што во превод значи „прибрежно“, веројатно поради неговата поставеност крај реката Праморица. Во 1940 г. селото се зголемило 189 жители, што се должи на понатамошните доселувања.[6] Во 1950-те и 1960-те години селото било зафатено од бран преселби во градовите и во странство, поради што во 1961 г. се смалило на 92 жители,[6] а на крајот од тоа десетлетие било конечно напуштено. Денес сите градби се во рушевини, со исклучок на црквата „Св. Бессребреници“ и зградата на основното училиште.[8] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia