Бурша
Бурша (грчки: Κορυφή, Корифи; до 1927 г. Μπόρσα, Борса[2])— село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 65 жители (2021). Географија и местоположбаСелото е оддалечено околу 20 км југозападно од гратчето Лапчишта, во близина на реката Праморица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 920 м. Крај селото минува патот кој води за Коница и Јанина.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоБурша уште од постаро време било населено со Грци и во етнички поглед до ден денес нема претрпено промени.[3] Во XIX век Бурша било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Бухорино живееле 400 Грци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бурша (Burcha) има 415 Грци.[5] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Бурша живееле 470 Грци христијани.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 577 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 479,[3] веројатно како последица од војните. Во 1928 г. населението на Бурша броело 498.[3] Во 1951 г. е срушен стариот храм „Св. Ѓорѓи“ од 1857 година, и одновно изграден.[7] СтопанствоНаселението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3] НасилениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитостиЦркви
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia