Латоришта
Латоришта или Златоришта (грчки: Αγίασμα, Ајасма; до 1927 г. Λατόριστα, Латориста[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 2 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Населица, околу 20 км западно од градот Лапчишта и околу 15 км западно од селото Цотил, во падините на планината Горуша, на надморска височина од 745 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоПо името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Латоришта било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Латоришта живееле 110 Грци, од кои 55 христијани и 55 муслимани (Валахади).[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лотаришта е претставено како чисто грчко село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак со 22 куќи.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Латоришта (Latorichta) има 55 Грци.[6] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Латоришта живееле 120 Грци христијани.[7] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 149 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 143. Бидејќи муслиманското население отпорано се иселило, во селото не биле населени бегалци.[3] Во 1927 г. името на селото било променето во Ајасма (Αγίασμα), по стариот извор кој се наоѓал на денешната местоположба на црквата „Св. Атанасиј“.[8] СтопанствоНаселението одгледува жито, компири и други земјоделски производи, а внимание му посветува на сточарството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаОпштината Латоришта била приклучена во општината Цотил во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша. Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Латоришта, во кој влегуваат и селата Мазган, Царишта и Чавалер. Културни и природни знаменитостиЦркви
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia