Враништа (Населичко)
Враништа или Вроништа (дијалектно: Врондишча; грчки: Καλονέρι, Калонери; до 1927 г. Βρόγγιστα, Вронгишта[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 403 жители (2021). Географија и местоположбаСелото е сместено 11 км југоисточно од гратчето Лапчишта, крај самиот пат кој води од Сачишта до Лапчишта. Селото Враништа е сместено во историско-географската област Населица.[3] ИсторијаВо XIX век Вранчишта било муслиманско гркојазично село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Враништа живееле 150 Грци христијани и 250 Грци-муслимани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Враништа (Vranichta) има 575 Грци.[5] Според податоците на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Враништа живееле 515 Валахади (Грци-муслимани) и 80 Грци христијани.[6] СтопанствоНаселението се занимава со земјоделство. Одгледува жито, тутун, компири и други култури.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Општествени установиКултурни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia