Мелдоница
Мелдоница или Мелидони (грчки: Μελιδόνι) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 27 жители (2021). ГеографијаСелото е сместено на левиот брег на реката Бистрица, околу 6 км североисточно од Лапчишта.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСпоред грчка статистика од 1904 г. во Мелдоница живееле 60 Грци христијани.[3] Сепак, овој податок не може да се потврди од други извори, знаејќи ја пристрасноста на грчките извори. Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. Мелдоница е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 87 жители кои во 1920 г. станале 90.[2] Во 1920-тите во властите довеле едно грчко семејство од Турција со 9 лица.[4] Така, во 1928 г. во Мелдоница е попишано 121 лице, кои во 1940 г. се накачиле на 151.[2] Оттогаш наваму населението на селото бележи постојано намалување. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитостиЦркви
СтопанствоНаселението произведува тутун, жито и други земјоделски производи. Во помала мера застапено е и сточарството.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia