Вроштани
Вроштани или Врождани (грчки: Άγιοι Ανάργυροι, Агии Анаргири; до 1927 г. Βρόστιανη, Вростјани[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 16 жители (2021). ГеографијаСелото е сместено во областа Населица, во источното подножје на планината Горуша. Лежи 30-ина километри југозападно од Лапчишта и околу 25 км северозападно од Цотил. На запад се граничи со селото Драмишта, а на југ со Костанско. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоОд името е очигледно дека селото првично било македонско. На крајот на XIX век Вроштани било муслиманско гркојазично село во Населичката каза. Вроштани е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век. Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Вроштани (Βρόστιανη) живееле 140 Валахади (Грци-муслимани).[3] Во Грција![]() По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот истата година се заведени 279 жители.[4] кои во 1920 г. биле 286.[5] Кон средината на 1920-тите жителите на селото како муслимани се иселени Турција по сила на Лозанскиот договор и на нивно место се доведени грчки доселеници од Понд. Во 1928 г. Вроштани е заведено како наполно дојденско село со 182 жители (46 семејства).[6] Во 1940 г. населението на Вроштани броело 286 жители, но во 1960-тите населението драстично се намалило поради масовното преселување во градовите.[5] Ова намалување продолжило и понтаму, до денешен ден. Во 1927 г. македонското име е сменето во Агии Анаргири (што значи Свети Бессребреници). НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението одгледува жито, компири, тутун и др. Делумно е застапено и сточарството.[5] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia