Сирочани
Сирочани или Сирхан (грчки: Λεύκη, Левки; до 1927 г. Σαρότσανη, Сароцани[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 18 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Населица, на 20 км западно до градот Лапчишта и околу 16 км северозападно од селото Цотил, во падините на планината Горуша, на надморска височина од 770 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоПо името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Сирочани било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Сирочани живееле 210 Грци-муслимани (Валахади).[4] На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Сирчани е означено како грчко село.[5] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 255 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 205.[3] Во 1923 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор и на негово место се доведени Грци од Понд. На нивно место се населиле 44 бегалски семејства (вкупно 160 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 г. името на селото било променето во Левки (Λεύκη).[2] СтопанствоНаселението одгледува жито, компири, тутун и други земјоделски производи, а внимание му посветува на сточарството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лихнадес, во кој влегува и истоименото село. Културни и природни знаменитостиЦркви
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia