Василица (планина)
Василица (грчки: Βασιλίτσα) — планина во состав на венецот Пинд, на границата меѓу Егејска Македонија на исток и Епир на запад,[1] поточно општините Гребен (Македонија) и Коница (Епир).[2] Има и скијалиште со 18 патеки и 7 жичарници.[3] Планината Василица е важно живеалиште за мечки, видри и диви кози,[4] и има вкупна површина од 13.562,9 хектари.[5] ВегетацијаПреовладувачката вегетација е особена за екосистемите на бука и средоземни четинари (црн бор , ела), ладнокрвни четинари (роболо) и воншумски екосистеми (субалпски ливади). Вековните роболи во зима прават формации со маглата во снегот, додека во лето си играат со сенки во алпската трева на Василица. Климата во областа на Василица е помеѓу континентална и средоземна. Жичарници и скијачки патеки
Две од патеките се означени од МСФ како олимписки патеки. ИсторијаПрвата жичарница била изградена во 1975 година (Елимеја). Оттогаш, ски-центарот имал две големи проширувања, едното во 1993 година и второто во 2000 година. Наводи
Надворешни врски
40°03′35″N 21°11′59″E / 40.0597°N 21.1998°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia