Авго (Егејска Македонија)
Авго (грчки: Αυγό, во прев. јајце) — планина на границата меѓу Гребенско во Егејска Македонија и Јанинско во Епир.[1] ОписПланината е дел од венецот на Северен Пинд. Се протега меѓу венците Василица на север, од која е одвоена со превој на 1.530 м југозападно од с. Периволи (1.260 м) и Мавровуни на југ, од која е одделена со долината Валја Калда (1.360 м) и реката Аркуда, притока на Војуша на запад. Од венецот Пиростија на исток е одвоена со превојот Ставрос или Салатура Ставру (1.640 м) и реката Лумница.[1] Карпите се офиолити и флиш.[1] Планината е дел од Националниот парк „Пинд“ од 1966 г. како и од Националниот парк „Северен Пинд“ од 2003 г. Обрасната е со црни борови, буки, шимшири и други видови. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1310002 и 1310003) и прогласена е за место од орнитолошка важност (068).[1] ИскачувањеДо врвот се стасува преку седелото Ставрос или Салатура Ставру (1.640 ) за околу 2,5 часа или од селото Војуша (Вовуса, 1.000 м) за околу 3,5 часа. Европската патека на долги растојанија E6, која оди од Мавровуни и Валја Калда, продолжува за Војуша, Бреза (Дистрато), Самарина и Жужел. Од Валја Калда патеката има разгранок кој тргнува кон Периволи, Авдела, одмориштето Василица, Самарина и Жужел.[1]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia