Миља (планина)
Миља (Балцес или Какоплеври; (грчки: Κακοπλεύρι или Μπάλτσες или Μπάλτσες) — планина во системот на Пинд, на границата меѓу Гребенско во Егејска Македонија и Јанинско во Епир, Грција.[1] ОписПланината е дел од венецот Северен Пинд. На запад се двои од венецот Мавровуни со превојот Салатура Миљас (1.730 м), кој е јужниот излез на Ваља Калда и потокот Салатура. На север е одделен од комплексот Пиростија со превој (1.640 м), од каде започнува потокот Кира Кали кој се влева во реката Венетик на исток. Миља е месното име, а Какоплеври е официјалното.[1] Карпите се сочинети од офиолити и флиш.[1] Планината е дел од Националниот парк „Пинд“ од 1966 г., како и од Националниот парк „Северен Пинд“ од 2003 г. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1310002 и 1310003) и е прогласена за место од орнитолошка важност (068).[1] До врвот се стасува од селото Миља (1.170 м) за околу 4 часа. Европската големодалечинска патека Е6 која оди Мечово - Миља, врви низ Ваља Калда и продолжува за Војуша - Брјаза - Самарина - Жужел. Од Ваља Калда има расклон на патеката кој води за Периволи, Авдела, планинарскиот дом Василица, Самарина и Жужел.[1]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia