Средец (планина)
Средец, други имиња: Деве Каран турски: Deve Karan и Камила (грчки: Καμήλα) — ниска планина во Кукушко и Солунско, Егејска Македонија[1]. Има издолжен облик во правец северозапад-југоисток и долга од околу 12 км. Планината е пресечена со клисура, низ која тече реката Курудере. Највисока точка е истоимениот врв Средец со 569 м, сместен во јужниот дел на планината. Населени местаОколу неа се сместени следниве населени места, наведени во состав на денешните општини на кои им припаѓаат:
ИсторијаВо османлиско време, на турски планината се нарекувала Деве Каран, што значи „црна камила“. За време на Втората балканска војна, Средец служел како набљудувачница на грчката војска во Битката кај Кукуш (19-21 јуни 1913). Во 1953 г. е изграден параклис во чест на светиот цар Константин и царицата Елена. На врвот е поставен крст висок 14 м. Стопанска активностВо најјужниот дел на планината има каменолом, каде почнувајќи од 1981 г. се вади варовник за потребите на цементарницата „ТИТАН“.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia