Дева (планина)
Дева или Осој[1] (грчки: Νικηφόρου Ουρανού, старо Ντέβα, Дева или Ντέβας, Девас) — планина во Долна Преспа, Егејска Македонија.[2] Практично претставува срт на Сува Гора. ОписПланината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Дел е од Националниот парк „Преспа“. Во северното подножје е селото Нивици, во јужното е Винени, а во југоисточното е островското село Ахил. Највисок врв е Дева со 1.373 м. На југ е одвоена од планината Цуцул со реките Сотеска и Доскохангла. Реката Мијојца, која се влева во Големото Преспанско Езеро кај Нивици, ја дели Дева на два дела.[2] На картите на Грчката военогеографска служба од 1934 и 1945 г. врвот стои како Дева (Ντέβα). На картите на Националната статистичка служба на Грција (НСС) од 1963 и 1983 г. е спомената како Девас (Ντέβας).[2] Дева е сочинета од враовнички карпи. Во подрачјето има и многу езерски и планински пештери како Есенец 1 (Εσενέτς 1), Есенец 2 (Εσενέτς 2), Раксанец (Ρακσανμέτς, Ραξανέτς), Црна 1 (Τσέρνα 1), Црна 2 (Τσέρνα 2), Преображение (Ανάληψης), Бела Пештера (Μπέλα Πες, Άσπρη Σπηλιά), Цепурина (Τσεπουρίνα), Паралеица (Παραλέητσα), Ниски (Νίσκι), Света Богородица Елеуса или Свети Петар (Παναγίας Ελεούσας, Αγίου Πέτρου).[2] ВрвовиВрвовите на планината, дадени по висински редослед,[2] се следниве:
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia