Планината е сместена во општината Нестрам, во западниот дел на Костурско, на самата граница со Албанија (гранични пирамиди бр. 36-66). Има издолжен облик во правец североисток - југозапад и сочинува дел од венецот Северен Пинд. Се протега меѓу реките Бистрица (овде наречена Белица) на југ и исток и Девол во Албанија на запад, кои соодветно извираат од планините Грамошта (Грамос) и Морава. На југ одвоена од Грамошта и Горуша (Војо) со реката Белица, додека пак на север е одделена од планината Флацата со Четирска Река. Групата, која нема свое име на грчки, се означува со името на највисокиот врв.[3]
На картата на австроунгарскиот генералштаб, делот од планината над Пилкати е означен како Шестар (Šeštar), тој источно над Јановени како Галовица (Galovica), тој источно над Омотско како Воле (Vole), а тој северно над Нестрам како Орошец (Orošec). На неговата карта на Костурско, Георги Христов на нарекува целата планина Гал’мбица (Гълъмбица по бугарски правопис).[4]
Опис
Планината е составена од конгломератни карпи и песочници. Највисок врв Алевица (1.589 м) е во северозападниот дел на планината, североисточно над Јановени и јужно над Калевишта. Во грчката топонимија, целата планина е наречена по овој врв.[3]
Гал’мбица не помалку од јужната сосетка воодушевува и замајува со своите волшебни убавини. Нејзините вркстени и преплетени, поради посложената структура, многубројни топографски облици, вистински стихијни слики, со своето маѓосувачко влијание, заповеднички обземаат и пленат.[5]
На северозападниот крај Гал’мбица е сврзана со Морава Планина. Тука ја облазува вододелницата меѓу водите на реките Девол и Белица, која од југ и запад ја двои последователно од подножјето на врвот Грамошта [Грамос], од североисточно разгранок на Денска Планина и северното чело на Горуша. На исток од с. Калевишта Гал’мбица се разгранува на североисток и југоисток... По билото на првиот огранок врви сегашната етничка и административна граница на Костурско... Другиот поголемиот... завршува на југ со врвот Воле, кој се издига величествено над р. Белица и навалувајќи се до нејзиното корито со своите карпи и стрмни ’ртови, кои стрчат над огромна провалија.[5]
Флората и фауната на Гал’мбица не се разликуваат многу од онаа на Одре и Горуша. Пространи стројни борови, букови и грмушести шуми растат по најголемиот на површината на планината и нејзината пазува. Костенови шуми никаде нема. Југоисточните разграноци се слабо пошумени. Во доловите и долините по пазувите се покриени само со грмушки. Овде наоѓаат прибежиште речиси сите диви животни: мечката, волкот, дивата свиња, зајакот, лисицата, дивата коза, фазанот, дивиот петел, шумската еребица, препелицата, гулабот и др. диви птици.[6]
“
Врвови
Ова е список на врвовите на Гал’мбица со нивните грчки и албански имиња, нивната висина и местоположба. Дадени се по висински редослед: