Бешичка Планина
Бешичка Планина (грчки: Βόλβης Όρη, Όρη Βόλβης, Όρη Μπεσικίων; турски: Beşikdağ, Бешикдаг) — ниска планина во Лагадинско, Егејска Македонија. Сместена е северно од Бешичкото Езеро. ![]() Планината е наречена по селата Голем Бешик и Мал Бешик, по кои а наречено и езерото. На север одвоена е од Богданска Планина и Орсова Планина со долината на пресушените Мавровско и Ланџанско Езеро.[1] Понекогаш оваа планина се смета за дел од Богданска Планина (Бешикдаг) Езерата на јужната граница (Бешичкото и Лагадинското) се заведени во Рамсарската конвенција во 1974 г. и членки на мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1220001 и 1220009), како и прогласени за места од орнитолошка важност (032). Поширокото подрачје е национален парк под името „Лагадинско Езеро - Бешичко Езеро и Македонски Темпи“ во 2003 г. Три повеќевековни чинари во околината на селата Сарај и Пазаруда, во кои се гнездат чапји и бели штркови, се прогласени за заштитени споменици на природата.[1] Карпите на планината се гнајсови, а има и малку амфиболити.[1] До врвот се стасува преку селото Ѓувелци (420 м) за околу час и половина.[1]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia