Света Гора (планина)
Света Гора или Атон (грчки: Άθως, Атос; Άγιο Όρος) — планина на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија.[1] ОписПланината е сместена на истоимениот полуостров Света Гора, на кој се наоѓа православната монашка република со своите 20 манастири и мноштво скитови, создадена во X век.[1] Древното име Атон се споменува од разни антички автори — Аристотел, Херодот, Страбон и други. Според Есхил на Атон е запалена една од осумте клади кои го означиле крајот на Тројанската војна.[1] На неа имало важно светилиште уште во претхристијанско време. Карпите се гнајсови, гранити и амфиболити.[1] Обрасната е со дабови, костени, јавори и други видови дрвја. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1270003) и прогласена за орнитолошки важно место (037). Вклучена е во списокот на светско наследство на УНЕСКО (природно и културно) во 1988 г. (454).[1] До врвот се стасува по два пата. Едниот е манастирот Велика Лавра (160 м) - Керасија (600 м) - пештерна црква „Пресв. Богородица“ (1.540 м) - врвот (каде стои параклисот „Св. Преображение“) за околу 6 часа. Другиот пат оди манастирот „Св. Павле“ (130 м) - скит „Св. Ана“ (300 м) - пештерна црква „Пресв. Богородица“ (1.540 м) - врвот за 8 часа.[1]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia