Ова е група од мали врвови во северниот дел на Драмско (во денешна Грција) и јужниот дел на Неврокопско (во денешна Бугарија). Се протега меѓу граничната пирамида бр. 141 (760 м) на исток и пирамидата бр. 130 (710 м) на запад. Името Белотински Планини го добиваат од селото Белотинци (600 м).[1] Планините на запад граничат со Стргач преку седлото Митницата, а на исток со Бесленски Рид. На север е Неврокопската, а на југ се наоѓа Белотинската Котлина.[2]
Во Бугарија овој планински предел се смета за дел од Бесленски Рид.[3] Во 2013 г. Асен Асенов предложил планината (со Бесленски Рид) да биде наречена Перица Планина по името на иселеното село Перица во нејзиното североисточно поднојжје.[4]