Заградено
Заградено (грчки: Φρακτό или Φραχτό, до 1969 г. Ζαγραντένιο[1]) — планина во Драмско, Егејска Македонија, на самата граница со Бугарија. Највисок врв e Делибоска (Δελημπόσκα) со 1.953 м.[2] Претставува дел од планинскиот систем на Централните Родопи, во највисокиот дел на Родопите на територијата на денешна Грција.[2] Освен Делибоска други врвови се: Ипсома (1.873 м), Ликолака (1.850 м), на 700 м источно од граничните пирамиди бр 142 и 143, Капсалак (пирамида бр. 135, 1.829 м), Халеро (Рахи, 1817 м), Турсунски Врв и пирамида бр. 147 (Макруло, 1.752 м), Мнима Параскева (1.640 м) и други. Во јужниот дел на Заградено се наоѓа шумата Заградено, уникатна и недопрена од човекот, една од најзачуваните во Европа. Во пределот Заградено се наоѓа и Клисурата на Дивокозите, која претставува важно живеалиште за дивокозите.[2] На Заградено се наоѓа напуштеното село Л’џа, каде има лековти бањи. Таму е и некогашното село Крушево.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia