Слива (планина)
Слива (грчки: Βροατσέρια, албански: Sllivë, Slliva) — планина во Долна Преспа, на границата меѓу Албанија и Егејска Македонија во Грција. Практично претставува срт на Сува Гора.[1] ОписПланината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Егејскиот дел на планината е во Националниот парк „Преспа“ и е вклучен во мрежата на зашитени подрачја Натура 2000. По планината минува албанско-грчката граница, т.е. граничните пирамиди бр. 10 - 19. Највисок врв е Слива со 1.414 м (гран. пир. бр. 12), кој се наоѓа на албанска територија. На север превојот Урида до дели од сртот Калуѓер. Планината се протега во насока север-југ. На запад на албанска територија се селата Церје, Ракицко и Шуец, а на исток на грчка територија се остатоците на селото Орово, денешното село Граждано и остатоците од Трново.[1] Сочинета е од варовнички карпи.[1] ВрвовиВрвовите на планината, дадени по висински редослед,[1] се следниве: ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia