Википедија:Викиекспедиции 2016
Во текот на 2016 година биле организирани шест викиекспедиции, со кои би биле опфатени следните области:
Прва експедицијаЛакавичко![]() Карти на посетени места Подрачја во Општина Конче (лево) и Општина Радовиш (десно) покриени со експедицијата Викендот на 2 и 3 април, нашите членови во состав на Македонец, Ehrlich91, Kiril Simeonovski и Petrovskyz се упатиле кон Лакавичко, област главно сместена во Општина Конче. Експедицијата започнала на 2 април, тргнувајќи од Скопје во шест часот, при што членовите на првата експедиција за 2016 година, веќе во осум часот влегле во границите на Општина Конче, а со тоа и на Лакавичката област. Иако, веднаш имало план да се упатат кон селото Гарван, сепак по укажување на мештанин од состојбата на патот, одлучивме да започнеме најпрвин со другите села. Така, првите фотографии биле направени од браната и езерото Мантово, а подоцна и од селата Долна Враштица и од Долни Радеш, кои се сместени покрај самите брегови на езерото, заедно со новата викенд-населба околу езерото. По крајбрежните села, експедицијата продолжи со посета на селото Габревци, каде бевме одлично пречекани од месното население, со кои остваривме бројни контакти. Потоа, се упативме кон селата Конче и Лубница, иако сакавме да го посетиме и селото Скоруша, но поради лошиот пат, се откажавме и од ова село. Во Лубница и Конче направивме одлични фотографии од старите цркви, средновековната Горна Кула, црквата „Св. Стефан“ во Конче, најстарата градба во Конче и целата област, која празнува 650 години постоење и општинските установи во самото средиште на селото Конче. Подоцна, ги посетивме селата во горното течение на реката Крива Лакавица, Горни и Долни Липовиќ и Ракитец. Кон крајот на денот, членовите веќе се упатиле кон селата Дедино и Ињево, како последни од целата област и Ињевско-коневачката парохија, со што вкупната бројка на посетени села се заокружи на десет. Вториот ден, екипата го започнала со фотографирање на дел од општествените установи во градот Радовиш, самиот центар на градот, црквите во градот. Иако сакавме да ги посетиме селата Гарван, Загорци и Скоруша, со што би го завршиле нашето патување во Општина Конче, сепак поради лошите услови на патот, како и нестабилните временски услови, се одлучивме да се вратиме кон Скопје и наместо тие села ги посетиме селата Пиперово и Лесковица. Покрај планираните села, во оваа експедиција биле посетени и фотографирани селата: Штурово, црквата „Св. Троица“ во Козбунар (на пат кон нашето сместување во хотелот „Бел камен“); Сулдурци и градот Радовиш во текот на вториот ден од нашата посета, како и селата Пиперово и Лесковица (на пат кон Скопје).
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија: Втора експедицијаКарти на посетени места Подрачја во Општина Демир Хисар (лево) и Општина Крушево (десно) покриени со експедицијата ![]() ЖелезникНа 4 и 5 јуни, нашите членови во состав на Македонец, Kiril Simeonovski, Ehrlich91 и Petrovskyz, спровеле опсежна Викиекспедиција во областа Железник, денешна Општина Демир Хисар. Втората експедиција започнала на 4 јуни, тргнувајќи од Скопје во раните утрински часови, експедиција преку превојот Стража, каде била направена и единствена пауза, пристигнала околу осум часот во селото Велмевци, прво село од списокот на села за посета во областа на Железник. Дента биле планирани да се посетат селата од поранешната Општина Сопотница и тоа било исполнето во најголем дел. Дента, членовите на експедиција имале можност да се запознаат со два ретки занаети во Македонија, ќумурџирството во Базерник и валавничарството во Вирово. Воедно било посетено и селото Слоештица каде се наоѓа гробот на еден од најпознатите писатели во Македонија, Петре М. Андреевски. Иако скоро непрепознатлив, обвиен со прашина од блискиот рудник, сепак го пронајдовме средновековниот Топлички манастир, денес во атар на селото Слоештица. Од манастирот е зачувана само манастирската црква, која немавме можност да ја посетиме одвнатре. По манастирот, беше посетено и селото Бабино, каде што се наоѓа најголемата приватна библиотека во Македонија. За жал, поради лоши услови на патиштата се откажавме од посета на селата Церово, Боиште и иселеното село Лесково. Вечерта, членовите се упатиле кон Журче, покрај кое само поминале и се упатиле кон градот Крушево, каде што планирале да преноќат. Наредниот ден, симнувајќи се од Крушево по друг пат, од селото Долно Дивјаци, членовите на Викиекспедиција навлегле во Општина Демир Хисар преку селото Кочиште и потоа започнале да се симнуваат кон рамничарските села околу градот Демир Хисар. Во вториот ден, екипата имале одлична можност за посета на манастирот во Журче, со потекло од XII век, денес активен женски манастир. Манастирот ни беше отворен и одлично објаснет од страна на една монахиња, кој поседува исклучително вреден фрескоживопис. Подоцна, членовите се упатиле кон револуционерното село Смилево, каде што се одржал клучниот Смилевски конгрес пред Илинденското востание. Во селото биле направени одлични панорамски фотографии, биле посетени трите селски цркви, двата споменици на сретселото, спомен-паркот на Даме Груев над селото, како и опсежна посета на спомен-музејот во Смилево, одлично објаснет од кустосот во музејот. Со фотографирани 29 села од Општина Демир Хисар, оваа експедиција претставува најплодната експедиција досега.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија: Трета експедицијаДебрца![]() ![]() На 13 август 2016 година (сабота) се одржа експедиција составена од Ehrlich91, Kiril Simeonovski и Македонец во областа на Дебрца (Дебарца), при што беа посетени вкупно 16 села. Поради зафатеност на членот Македонец, целосно оправдано, односно спроведување на третиот дел од геоекспедициите на Шара во неделата, оваа Викиекспедиција ја спроведовме само во саботата, при што покривме вкупно 16 села, со што остануваат само 13 села од целата Општина Дебрца и само половина од нив во вистинската област Дебрца, кои планираме да ги покриеме некој следен викенд со уште посета на еден ден. Веднаш по завршување на работните обврски во петокот, се упативме кон Охрид, каде што преноќивме за да можеме во саботата целосно одморени да тргнеме кон фотографирање на селата во областа Дебрца. Започнавме од селото Ботун, фотографирајќи ги селата од поранешната општина Белчишта. Среќна околност беше што селата беа близу едно до друго, па така многу брзо можевме да се движиме помеѓу нив. Наидовме на одличен прием од селаните, при што многу од селските цркви успеавме да ги фотографираме и во нивната внатрешност. Целосно неочекувано при посетата на селото Злести и новоизградениот манастир „Св. Богородица“ во селото, откривме остатоци на стар храм во дворот на манастирот, со што фотографиравме значајно археолошко наоѓалиште. Исто така, во селото Лешани го фотографиравме манастирот „Сите Свети“, исто така, со стари зачувани градби, во кои денес е возобновен монашкиот живот. Значајни стари цркви успеавме да фотографираме и во селото Велмеј, каде што покрај познатата црква „Св. Богородица Ќелија“, вредни фрески се наоѓаа и во старата селска црква, кои ни беа објаснети од мештанин. Експедицијата ја завршивме со фотографирање на остатоците од некогашното Слатинско Езеро, чија брана пукна пред неколку години, па сега е обраснато во трски, како и панорамска фотографија на селото Лактиње на пат кон Скопје.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија: Четврта експедицијаПреспа![]() Во текот на викендот 23-25 септември, членовите на Викиекспедиции се упатија кон областа Преспа, каде била спроведена четвртата експедиција. Оваа експедиција започнала на 23 септември, кога членовите тргнале од Скопје во доцните попладневни часови, упатувајќи се кон Отешево, каде биле сместени членовите на експедиција, преку превојот „Стража“. Вечерта, членовите утврдиле план за следниот ден, со кој утврдиме кои села треба да бидат посетени. Главна цел на двата активни дена со фотографирање на преспанските села била да се опфатат сите села на самото крајбрежје на Големото Преспанско Езеро од македонска страна, кои денес се сместени во една единствена општина, Општина Ресен. На 24 септември, членовите започнале со посета на првото село Стење веднаш по појадокот, при што посетиле одреден број села на западниот брег на езерото, пред да се префрлат на западниот брег на езерото, посетувајќи ги исконските села, Брајчино и Љубојно. Биле посетени многу цркви и манастири, пејзажи на езерото, јаболкници кои ги имало во изобилство поради периодот пред берба, старата зачувана архитектура во потпелистерските села на источниот брег, како и бројни панорамски фотографии на селата. Воедно, била фотографирана и најјужната точка на Македонија, Маркова Нога крај селото Долно Дупени. Вечерта, членовите на експедицијата присуствувале и на самата манифестација „Јаболкобер“ која се одржувала во градот Ресен. Следниот ден, членовите на експедиција имале помал круг околу езерото, посетувајќи села на обата брега, при што биле посетени исто така бројни цркви и манастири, меѓу кои и познатиот Сливнички манастир, каде што биле направени и панорамски фотографии на самото езеро. Денот бил завршен со посета на големиот Преспански Крст сместен кај селото Подмочани, од каде што членовите ја привршиле својата успешна експедиција од овој крај. Во текот на двата дена, членовите често пати ја употребувале книгата „Населбите во Преспа“, која ќе биде користена и при пишување на статиите од овој крај. Со фотографирани 29 села од Општина Ресен, оваа експедиција се израмнила со најплодната експедиција, која важела дотогаш, односно експедицијата во областа Железник.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија: Петта експедицијаЗлетовско-пробиштипско![]() На 29 октомври 2016 година, четворица членови на Викиекспедиции се упатиле на еднодневно истражување во Злетово и Пробиштип, денес на подрачјето на единствената Општина Пробиштип. Поради помалиот број на села, членовите решиле дека е доволно еден ден за опфаќање на оваа општина. Експедицијата започнала рано наутро во шест часот со тргнување од Скопје, при што преку регионалниот пат Скопје-Свети Николе-Пробиштип, учесниците пристапиле од западниот дел на Општина Пробиштип. Во текот на целиот ден, учесниците главно се движеле околу регионалниот пат Пробиштип-Кратово, посетувајќи ги блиските села, остварувајќи 16 посетени села на крајот на денот. Покрај опфаќање на панорамски фотографии на селата, кои поради добрата местоположба на самите села, биле лесни за создавање, биле фотографирани и голем број селски цркви, познатиот Лесновски манастир, манастирите околу Злетово и Злетовска Река, како и браната Пишица, која сè уште е во изградба.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Шеста експедицијаМалешевијаКарти на посетени места Подрачја во Општина Берово (лево) и Општина Пехчево (десно) покриени со експедицијата Рано утрината во 06:00 часот на 12 ноември (сабота) го започнавме нашето патување кон областа Малеш на крајниот исток од нашата земја. Времето уште на самиот почеток беше облачно, а и самите прогнози најавуваат обилни врнежи, невреме со грмотевица, како во Скопје, така и областа на градот Берово. Сепак, времето во текот на целиот ден, односно до 17:00 часот кога завршивме со посета на села за тој ден, беше сосема убаво, облачно и со росење на моменти кон крајот на денот. Поради тоа, првиот ден успешно ги завршивме планираните села за тој ден. Во Општина Берово влеговме преку регионалниот пат од Виница и првото село кое го посетивме беше Митрашинци, каде нè пречека одлично сончево време, со што направивме одлични панорамски фотографии, ја посетивме старата и новата црква посветени на Свети Илија, како и старите куќи во ова големо село. Следно село кое го посетивме беше Будинарци, кое со својата положба пружа извонредна можност да се фотографира од самиот регионален пат. По посетата на селото Мачево, старото село, како и издвоениот дел на новоградби покрај патот, одлучивме дека е подобро во текот на првиот ден да продолжиме со пехчевските села во областа Малешевија. Во Општина Пехчево беа посетени селата Робово, Умлена и Чифлик, како и Негрево, родното село на македонскиот писател Ефтим Клетников. Кога стигнавме во градот Пехчево, одлучивме да ги посетиме Пехчевските Водопади, како и месноста Равна Река, каде што се наоѓа и самиот извор на најголемата лева притока на Вардар, реката Брегалница. Успеавме да направиме одлични фотографии од областа, вистински есенски пејзажи. Првиот ден го завршивме со враќање во градот Берово, каде што вечеравме, пробувајќи вистински домашни и традиционални јадења специфични за тој крај, како што се буламач и „малешевска тава“. Вториот ден, го отпочнавме со посета на најоддалеченото беровско село, Двориште, оддалечено околу 20-тина километри од самиот град, каде што беше фотографирана и локалната река. На враќање кон Берово, беше посетено и селото Ратево, по кое некогаш самото езеро се нарекува Ратевско Езеро. Подоцна, продолживме со фотографирање на селата Русиново и Владимирово, големи беровски села со зачувана архитектура. Продолживме во селото Смојмирово, како и со мала посета на градовите Берово и Пехчево, фотографирајќи ги општествените установи во нив.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia