Википедија:Викиекспедиции 2015
Во текот на 2015 година биле организирани шест викиекспедиции, со кои биле опфатени следните области:
Прва експедицијаНеготино со околинатаОваа експедиција поради временските услови беше поделена на два дела, па така најпрвин го посетивме градот Неготино (на 4 април 2015 г.), а веќе наредниот викенд (на 10 април 2015 г.) посветивме уште еден на шест неготински села, како и манастирот Св. Ѓорѓи. Прв дел: Град Неготино![]() На првиот дел на експедицијата учествуваа тројца членови: Ehrlich91, Kiril Simeonovski и Cibrev, кој се спроведе во градот Неготино. Сите тројца се сретнавме околу шест часот на железничката станица во Скопје, по што купивме билети и тргнавме кон Неготино со воз. И покрај доцнењето од 40-тина минути на возот во Неготино, сепак имавме и повеќе од доволно време да го прошетаме градот и да ги сликаме сите позначајни институциите, како што се: Домот на културата, Градската библиотека, Општинскиот суд, Црквата Св. Атанасиј, Автобуската станица, Музејот на град Неготино, двете основни училишта, распаднатата Саат-кула и други објекти. Со сликањето на сите објекти завршивме порано отколку што имавме предвидено, односно околу 13:30 часот, по што решивме да се упатиме во винаријата „Попова кула“ во Демир Капија. Најмивме таксист од Неготино и стигнавме таму за половина час, по што добивме тура низ винаријата, каде што извршивме доста добри фотографии. Персоналот во винаријата беше доста љубезен и немавме никаков проблем со фотографирањето. Ги видовме подрумските простории, бурињата со вино, собата за дегустација, сместувачките капацитети и надворешноста на винаријата. Втор дел: НеготинскоНа вториот дел од експедицијата учествуваа повторно тројца членови: Ehrlich91, Македонец и Cibrev, кој се спроведе низ шест неготински села, како и манастирот во близина на Неготино. Овој пат бевме со автомобил и тргнавме од Скопје околу 06:15 часот, а во Неготино веќе бевме околу 08:00. Бидејќи, единствено манастирот Св. Ѓорѓи остана непосетен од минатиот пат, одлучивме веднаш да започнеме од него, пред сè и поради неговата местоположба, веднаш до излезот кај Неготино. По кратката пауза на бензинската пумпа на Макпетрол, продолживме кон селата Пепелиште и Криволак, кои се наоѓаат едно наспроти друго и со тоа имаше можност за одлични панорамски фотографии на двете села. И во двете села стапивме во разговор со месното население, кои ни кажуваа одредени факти за самите села. Подоцна, се упативме кон селото Тремник (во близина на ТЕЦ „Неготино“), од кое планиравме да го посетиме и селото Дуброво, но сепак на крајот се одлучивме да продолжиме кон градот Неготино, а оттаму кон селата Тимјаник, Долни Дисан и Горни Дисан. По редот на нештата, започнавме од најгорното планинско село, Горни Дисан, кое е целосно напуштено и има само повремени жители, но поседува прекрасно зачувана стара македонска архитектура, стара црква и старо основно училиште. Барајќи ја црквата налетавме на единствените луѓе кои дошле токму тој ден на прошетка. Добивме покана и седнавме со нив при што ни раскажаа на кратко за историјата на селото. Подоцна, се спуштивме и во двете подолни села Долни Дисан и Тимјаник.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Втора експедицијаКратово со околинатаОваа експедиција поради временски и логистички услови беше поделена на два дела, па така најпрвин го посетивме градот Кратово (на 16 мај 2015 г.), а веќе наредниот понеделник (на 25 мај 2015 г.) посветивме уште еден на неколку кратовски села. Прв дел: Град КратовоНа првиот дел на експедицијата учествуваа тројца членови: Kiril Simeonovski, Cibrev и Никола Тодосовски, кој се спроведе во градот Кратово. Сакам да ве известам дека вчера се одржа првиот дел од викиекспедицијата во Кратово и околината. Повторно решивме да ја поделиме дводневната експедиција во два дела од по еден ден, така што првиот дел решивме да ја опфати посетата само на градот Кратово, а во вториот дел да бидат опфатени селата во неговата околина. Од Скопје тргнавме околу 7:30 со автомобилот на Никола Т. и во Кратово пристигнавме околу 9:30. Пред 12 часот прошетавме и направивме фотографии од неколку мостови, кули и куќи што ни се најдоа по пат, а бевме забележани и од чичко Стевче Дамевски, кој ни раскажа една легенда за градот. Во 12 часот се сретнавме со туристичкиот водич Далибор Петковски, кого го ангажиравме за да ни ги покаже знаменитостите во градот. Тој на кратко ни ја раскажа историјата на градот, не прошета покрај Грофчанскиот мост и тунелот покрај него, не внесе во саат-кулата, не прошета низ чаршијата и еврејското маало, не внесе во католичка куќа каде што одигравме една партија шах, не однесе во црквата Свети Јован Крстител, како и до Радиниот и Аргуличкиот мост. По туристичкото разгледување со Далибор, успеавме уште да влеземе и видиме еден од кратовските тунели коишто послужиле за поврзување на кулите во градот во минатото. Од Кратово кон Скопје тргнавме некаде околу 18:30 и пристигнавме околу 20 часот.
Втор дел: Кратовско![]() На вториот дел на експедицијата учествуваа тројца членови: Македонец, Ehrlich91 и Petrovskyz, кој се спроведе во кратовските села во близина на градот Кратово. Утрината на 25 мај 2015 г. околу седум часот тргнавме од Скопје со возилото на Марио и се упативме кон Кратово. По пат застанавме во близина на рафинеријата ОКТА за мала ужина, а воедно и сликање на самата рафинерија и пејзажот околу неа. По непрекинато возење стигнавме во Кратово, но само го одминавме и веднаш се упативме кон првото село Приковци, во кое зборувавме и собравме податоци за самото село и двете цркви од веројатно претседателот на месната заедница, кој го сретнавме на сретселото. Од ова село се упативме кон селото Шлегово, каде најпрвин застанавме на почетокот на селото за да ја видиме црквата „Св. Никола“ со селските гробишта и каде наидовме на постар човек кој ни објасни за историјата на селото и најбитните работи за него. Подоцна, се искачивме на рид над селото од каде се прикажуваше добра панорама на самото село. На крајот ги сликавме училиштето и главната селска црква. Од местото на крстот кај Шлегово го фативме и Кратово на панорама. После тоа, повторно одминувајќи го Кратово, се упативме кон селото Близанци, над Кратово, од кое направивме само фотографии. На враќање уловивме одлични панорамски фотографии од Кратово од голема височина. При враќањето во Кратово, застанавме во две градски цркви, од кои едната воопшто не била посетена при првата посета на Кратово. Од таму, се упативме кон низинските села на Општина Кратово, и најпрвин започнавме со Железница, па Живалево, Туралево, Филиповци, Секулица и Шопско Рударе. Овдека наидовме на сериозно проблеми во разликувањето кое село е кое, бидејќи овие села се од разбиен тип, па така се поделени на маала кои се оддалечени едно меѓу друго и по неколку километри, па така во околината гледаш десетина збирови на куќи, кои припаѓаат на едно или повеќе различни села. За ова, ќе се обидеме да ги разликуваме преку топографски карти. На крајот, седнавме во етно-ресторанот на патот за Куманово, кој ни послужи и како единствен ручек во денот.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Трета експедицијаМариовоОваа експедиција е специфична од причина што беше дел во рамките на фестивалот Mariovo Off-Road Experience, кој се одржа по четврти пат на кој имаше неколку спортски дисциплини, кој се одржува во Мариово во периодот 29-31 мај 2015 г. Нашето присуство таму беше со нашите велосипеди и така за прв пат спроведовме викиекспедиција без возило. На фестивалот бевме присутни, Македонец, Ehrlich91 и Petrovskyz, како и на претходната експедиција, секој со својот велосипед, кои ги превезе самиот организатор на фестивалот со својот автомобил уште во четвртокот на 28 мај. Јас и Ѕвонко тргнавме со воз до Прилеп на 29 мај 2015 г. (петок), а од ЖС „Прилеп“ не зема Марио (кој веќе беше отиден еден ден претходно). Патувањето со воз повторно го искористивме на начин, со што продолживме со сликање на железничките станици од Велес до Прилеп, слично како што направивме на првата експедиција до Неготино, кога исто така патувавме со воз. По пристигнување во Прилеп, Марио не зема со автомобил и се упативме кон Мариово, па така повторно искористувајќи го моментот, влеговме во две села, Штавица и Кален, со што ги покривме со фотографии и нив, иако отпрвин не ги планиравме. Иако на почетокот се соочивме со одредени механички и технички проблеми, сепак денот го искористивме со посета и разглед на селото Манастир и прекрасниот манастир во самото село, кој го посетивме и во неговата внатрешност. Подоцна, решавајќи ги механичките проблеми се искачивме над селото, во кое сликавме панорами над селото. Вечерта, јас и Ѕвонко, поминавме три часа на карпите во близина на селото, сликајќи слики од Црна Река и од Скочивирска Клисура и барајќи добри услови за астрофотографии. И од самите карпи повторно се направија добри панорами на целото село Манастир. Во саботата (30.05.2015), се упативме пеш кон селото Зовиќ или Бзовиќ како што го викаат селаните, кое е најпознатото по својот мост над Градешка Река, снимен во филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски. До селото имавме три часа одење, низ кое поминавме две реки, Сатока и Градешка Река, од кои направивме одлични фотографии, а во самото село Зовиќ ги сликавме двете цркви, однадвор и одвнатре, а од погорната црква „Св. Атанасиј“ направивме одлична панорамска фотографија заедно со мостот. Во самото село, седнавме на разговор со неколку стари жители, кои се израдуваа што нè видоа. Во неделата или главниот настан од тридневниот фестивал, се упативме на велосипедската планинска трка, при која ги посетивме селата Полчиште, Бешиште, Витолиште и манастирот „Св. Илија“ или Витолишки манастир, во кој и ручавме на крајот на денот.
Оваа експедиција беше претставена и со извештај на англиски јазик за потребите на месечното издание на ГЛАМ-активностите на сите организации поврзани со Википедија. Извештајот можете да го проследите тука.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Четврта експедицијаМијачијаПоследната експедиција ја остваривме викендот од 3 до 5 јули, тргнувајќи од Скопје на 3 јули во попладневните часови и упатувајќи се со возило кон селото Лазарополе, каде што бевме сместени во „Калин Хотел“ две ноќи. На оваа експедиција беа присутни вкупно пет Википедијанци, Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Инокентиј, Petrovskyz и Cibrev, најбројна експедиција воопшто изведена. За разлика од претходната кога бевме со велосипеди, сега ја изведовме целосно со возило и вкупно посетивме седум села, многу повеќе цркви и манастири во самите села, влеговме во четири цркви и ги сликавме нивните внатрешности, сликавме панорами на повеќе села во кои не влеговме, кои се наоѓаа покрај патот кога ги посетувавме овие села. Исто така покрај самите села, добивме слики и од самите реки кои во тој регион ги има многу, па така имаме сега фотографии од сите притоки на Мала Река (Гарска Река, Тресонечка Река, Селечка Река и Росочка Река). Вечерта во петокот со нашето пристигнување кон Маврово, застанавме на влезот од националниот парк, сликајќи ја околината со Мавровското Езеро, а подоцна се упативме кон нашето одредиште, селото Лазарополе. Наредниот ден (сабота) почнавме уште од утрината, сликајќи го селото Гари, а завршувајќи во селото каде што бевме сместени, при што го дочекавме зајдисонцето на крстот над селото. Во неделата, утрината ја посетивме главната селска црква во Лазарополе, сликајќи ја целосно и запознавајќи се со нејзината историја, раскажана од страна на претседателот на црковниот одбор на селото, за подоцна да тргнеме кон Скопје, застанувајќи попатно кон селото Беличица, надвор од областа Мијачија, а подоцна влеговме во селото Леуново и Никифорово. Во Скопје стигнавме околу четири часот, по што седнавме на ручек.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Петта експедицијаОпштина Ранковце![]() На 7 ноември 2015 година беше спроведена петтата по ред експедиција за оваа календарска година, а прва во рамките на двете предвидени за до крајот на годината. Бевме договорени да патуваме со автомобилот на Нино, зашто оф-роуд возилото на Марио, кое го користевме на минатите експедиции, имало проблеми, па така, јас најпрвин се најдов со Марио во Капиштец, каде што живеат тие двајца и се упативме да ги земеме Ѕвонко и Кирил. Околу 6:30 часот тргнавме од Скопје, при што со едно застанување на бензинска станица за бензин и храна по пат, веќе пред околу осум часот бевме во селото Герман, првата станица на нашата експедиција во Општина Ранковце. Од оваа експедиција сликавме вкупно девет села, односно една половина од сите села во општината Ранковце. Како позначајни моменти би ги издвоил посетата на внатрешноста на црквата „Св. Петка“ во Радибуш, погледот на Отошничко Езеро, посетата на Герман и погледот на планините Гоглин и Билина (најсеверната точка на Македонија), средновековниот манастир „Св. Никола“ во Псача. Севкупно гледано имавме одличен ден и услови за сликање и успеавме да опфатиме голем број на села, иако големината на денот е сè помала во овие есенски денови.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Шеста експедицијаОпштина ГрадскоНа 8 декември 2015 година, за време на празникот „Св. Климент“, членовите се упатиле кон Општина Градско со цел посета на повеќе села. Уште на самото тргнување нè пречека густа магла во Скопје, но се упативме со мисла дека таму ќе се разведри и дека самата магла ќе се крене. За жал, тоа не се случи, поради што повеќе се насочивме на сликање внатрешности на цркви; објекти и само нешто од селата. Најпрвин, се упативме кон селото Грнчиште, а понатаму да продолжиме и кон Кочилари и Свеќани, ама поради лошиот пат, маглата, го изменивме планот и со Марио договоривме пробна велоекспедиција во тој крај во почетокот на мај, кога би ги посетиле овие села. Подоцна, го посетивме првото село, Виничани, каде ја сликавме и новата црква „Св. Илија“. По ова село, одминувајќи го Градско, се упативме кон Подлес, каде што конечно нè огреа сонце и имавме одлични услови за сликање на планината Клепа, езерото Подлес со неговата брана, црквата во селото, убавите староградски куќи. По ова село, повторно во маглата го посетивме најпрвин Долно, а подоцна и Горно Чичево, заедно со нивните стари цркви, како и убавиот и голем Чичевски манастир. На крај ги сликавме поважните установи во селото Градско, како и негова панорама од горе.
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia