Википедија:Викиекспедиции 2022
Во текот на 2022 година биле организирани четири викиекспедиции, со кои биле опфатени следните области:
Прва експедицијаОсогово и МанговицаИскористувајќи го првомајскиот викенд, како и поради големината на областа во двете општини, Кратово и Пробиштип, овојпат направивме тридневна експедиција со две ноќевања во градот Кратово. Утрината на 30 април 2022 (сабота), членовите Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски се упатиле кон градот Кратово. Попатно било предвидено да се фотографираат сите села почнувајќи од влезот во Општина Кратово, а тоа било селото Коњух. Прв ден![]() Околу 8 часот на 30 април 2022 година започнала експедиција со што членовите на експедицијата тргнале од Скопје кон првото кратовско село. По единствената пауза на бензинска станица за бензин и појадок, веќе нешто после 10 часот учесниците биле во првото село. Иако селото Коњух, всушност, не било предвидено во експедицијата, бидејќи поседувало фотографии, сепак учесниците одлучиле да ја фотографираат новоизградената црква десно од регионалниот пат. По ова кратко непланирано застанување, стигнавме до првото село, што беше Шопско Рударе, кое веќе еднаш го имаме посетено во далечната 2015 година. Всушност, на оваа експедиција ќе посетиме многу од селата кои веќе сме ги посетиле таа година, со цел да ги опфатиме целосно сите градби и објекти, кои тогаш ги имаме пропуштено. Така, во Шопско Рударе најпрвин се упативме кон манастирот, до кој се доаѓа по асфалтен пат, сместен во длабока шума надвор од селото. Кај манастирот, првпат го искористиме нашиот дрон, со кој оваа година ќе можеме подобро и поубаво да ги опфаќаме селата и објектите предвидени за посета. Откако кратко се навративме и во самото село, правејќи неколку различни фотографии, продолживме кон Вакуф, од каде панорамски го фотографиравме селото Димонце. По Вакуф, се придвиживме кон селото Секулица, кое се наоѓа на раскрсница на кратовските села. Во ова село минатиот пат не сме ја фотографирале селската црква, па така особено внимание посветивме на нејзе. Во тој момент, кај црквата беа собрани мештани, кои обележуваа помен, поради што добивме и сок за душа на покојникот. Од Секулица продолживме кон селото Татомир, каде Деан користејќи го дронот и пробувајќи да го фати дронот при лет се здоби со исеченици на неколку прсти. Потоа, ги посетивме повторно селата Филиповци, Туралево и Тополовиќ, од каде направивме нови фотографии и нови објекти. Поради пролетното време, веќе кај Туралево наидоа облаци и веќе почнуваше да врне, поради што набрзина се упативме над Кратово, кон планинските села на Осоговијата. Го одминавме целосно Близанци, бидејќи тоа село целосно веќе беше опфатено во 2015 година и немаше никаква потреба да застануваме. Продолживме кон селото Луково, до кое само се доближивме по земјениот пат, а го фотографиравме целосно користејќи го нашиот дрон. Истото сакавме да го направиме и со Куново (Кратовско), но дождот кај селото Туралево, стигна и во ова подрачје, па така продолживме по регионалниот пат. Попатно, застанавме само во маалото Вељановец на селото Горно Кратово, каде имавме забележано дека има новоизградена црква. Тука дождот веќе започна поинтензивно, поради што решивме само да се спуштиме по асфалтниот пат до селото Мушково и чекавме петнаесетина минути да помине поројниот облак. Потоа, го фотографиравме Мушково и продолживме со другите високопланински села, како што се Нежилово (Кратовско), Каврак и Кнежево. Од браната Кнежево, се спуштивме кон Злетово, успевајќи само да го фотографираме Којково, кое исто така го фотографиравме со дрон. Со Којково, заклучивме дека треба да ставиме крај на првиот ден и се упативме назад кон градот Кратово, каде што бевме сместени. Втор ден![]() Вториот ден на експедицијата го започнавме така што веднаш се придвиживме кон најјужното село од Општина Пробиштип, што е селото Пишица, кое ние веќе го имавме посетено во 2016 година. Од селото направивме само нови фотографии, особено користејќи го нашиот дрон, а најмногу внимание посветиме на Пишичкото Езеро, бидејќи годината кога ние бевме браната се поправаше и поради тоа немаше вода во езерото. Од Пишица, се упативме кон селата Гујновци и Гајранци, кои беа многу близу до самото Пишица. Во Гајранци потрошивме време да ја најдеме црквата „Св. Никола“, но немавме успех. Откако се вративме на регионалниот пат, се упативме кон селото Трооло, кое исто така веќе го имавме посетено и затоа само направивме нови фотографии, особено од воздух. Од селото го пуштиме нашиот дрон и до селото Пестришино, кое не поседува никакви значајни објекти и до кое води само земјен пат, кој беше каллив, поради што одлуката беше само да направиме воздушна фотографија на селото. Откако се вративме повторно на регионалниот пат, се упативме кон уште едно посетено село, а тоа беше селото Лезово, каде не сме ја фотографирале селската црква минатиот пат. Следно застанување беше кај селата Бучиште и Трипатанци, кои се наоѓаат лево и десно од регионалниот пат и со едно пуштање на дронот, успеавме да направиме воздушни фотографии на двете села. Потоа, се упативме кон историското село Глобица, каде единствен остаток е манастирската црква „Св. Ѓорѓи“. Селото се наоѓа во атарот на Бунеш, кое целосно го имаме опфатено во 2016 година. По Глобица, се вративме на регионалниот пат до самиот град Пробиштип, од каде скршнавме кон селото Стрмош, во кое некогаш има работено посебен рудник и во кое работи основно училиште и има нова селска црква. Од Стрмош, по локален асфалтен пат се упативме кон селото Дренак, во чиј атар се наоѓа и Костомарскиот манастир, кој во 2016 година го имавме фотографирано единствено од далечина. До манастирот водеше земјен пат од селото Дренак, кој поради врнежливото време беше доста каллив и лизгав, поради што имавме возбудливо и напнато возење. Кога го здогледавме манастирот, решивме дека двајца од нас ќе продолжат пеш, а другите ќе го фотографираат манастирот со дронот. Откако повторно се вративме во самиот град Пробиштип, повторно се исклучивме од регионалниот пат, од каде имаше локални патишта до повеќе села. Започнавме со селото Плешенци, а потоа продолживме кон селото Стрисовци, каде на наше изненадување имаше подигнато нова селска црква, која ја немавме забележано во нашите истражувања. Од Стрисовци се вратиме во селото Долни Стубол, и потоа продолживме кон Горни Стубол, цело време под закана за дожд, бидејќи имаше тешки облаци насекаде околу нас. Над селото Горни Стубол, на самиот пат кон селото Горно Барбарево го пронајдовме новиот манастир, кој се наоѓа на самата атарска граница помеѓу Пробиштип и Кратово. Пристигнувајќи во Горно Барбарево, решивме дека ова село и соседното Долно Барбарево, каде и се наоѓа заедничката селска црква на двете села, ќе ги фотографираме со помош на нашиот дрон. До Долно Барбарево води само земјен пат, што и беше една од причината за да одлучиме да не продолжиме, особено имајќи в предвид временските услови во тој момент. Како за крај на денот, ги опфативме двете села најблиску до самиот град Пробиштип, а тоа се Калниште, кое некогаш и се смета и за дел од градот, како и селото Марчино. Во Марчино, со дронот ја фотографиравме и маркантната Марчинска Чука, која го надвиснува самото село. Трет денТретиот го започнавме така што се упативме кон селото Куново, кое поради дождливото време единствено не го опфативме во текот на првиот ден. Откако потрошивме доста време за да стигнеме до него и да се вратиме, продолживме кон Пробиштип. Возејќи кон првото пробиштипско село, навративме накратко до Шлеговскиот манастир, сместен надвор од селото Шлегово, кого го немавме фотографирано при нашата експедиција на Кратовско во 2015 година. Откако завршивме со манастирот, се исклучивме на двапати од регионалниот пат, посетувајќи ги селата Гризилевци и Кундино, во кои брзо ги пронајдовме нивните селски цркви и ги фотографиравме од воздух. По нив, застанавме во Пробиштип, за да појадуваме. Потоа продолживме кон селата Добрево и Древено, каде само направивме нови фотографии, бидејќи истите села ги имавме веќе посетено. Скоро целиот ден го минавме во Злетовската Клисура, фотографирајќи ги високопланинските села, најчесто со дрон. Најпрвин застанавме кај селото Зеленград, од кое претходно имавме фотографии единствено од манастирот во самата клисура, а потоа повторно застанавме кај селото Јамиште. До двете села водат земјени патишта, кои поради лошото време не се осудивме да ги возиме и да стигнеме до самите села. Од Јамиште, се упативме до самата брана Кнежево, каде направивме фотографии од самото езеро, од истоименото село, како и од селото Емирица. Бидејќи времето веќе се влошуваше, се упативме веднаш кон селата Турско Рудари и Шталковица, каде веќе започна да врне, но сепак благодарение на Кирил и двете селски цркви беа успешно фотографирани. Поради дождот не ги опфативме планираните три кочански села, кои се поврзани со асфалтен пат од селото Турско Рудари. ИсходСо фотографирани 30 нови села, 16 повторно посетени, 1 историско село и поминати над 600 километри, .
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Втора експедицијаДебарскоКон Дебар, односно кон нашето сместување во близина на Бигорскиот манастир, се упативме во петокот на 17 јуни 2022 година, со што имавме пред нас дводневна експедиција со две ноќевања. Како и вообичаено, на експедицијата биле присутни членовите Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски. Прв ден![]() Првиот ден на експедицијата го започнавме со посета на селата Долно и Горно Косоврасти, кои инаку толку блиску до себе, сепак означуваат географски различни области, па така едното село (Долно) се смета за мијачко и/или реканско село, додека соседното (Горно) се смета дека припаѓа на областа Дебарско Поле, колку и да звучи чудно ова. Во двете села се наоѓаат стари православни цркви. Во Горно Косоврасти, црквата е сосем незабележителна и се наоѓа помеѓу дворови на куќи, па поради отсуство на православно население, се забележува отпад околу нејзе, а негрижата на црквата довела до нејзино оштетување. До селото води доста стрмен пат, кој на крајот завршува со тесен сокак, кој води до селската џамија, која тој ден ја поправаа. Среќа е што имаме дрон, па од селото и од џамијата можевме да направиме добри фотографии. Во селото Долно Косоврасти, пак, покрај селска црква, која овде е во подобра состојба отколку во соседното село, има и две селски џамии, од кои едната е целосно нова и е поголема од старата, која пак целосно е опожарена и неупотреблива. До Долно Косоврасти, се наоѓаат бањите Косоврасти. Потоа се упативме кон селото Рајчица, кое е познато по својот истоимен манастир и кој преовладува во самото село. Сепак, во селото се наоѓаат уште три други цркви, сместени во горните маала над регионалниот пат. До две од нив успеавме пеш да дојдеме и да ги пронајдеме, но црквата „Св. Димитриј“ не ја пронајдовме, иако пробавме неколку пати низ ниви и ливади околу селата следејќи ги насоките на селаните. Од селото, продолживме кон градот Дебар, кој се наоѓа веднаш до селото, и се упативме до селото Татар Елевци, до кое води асфалтен пат. Во селото брзо ја најдовме селската црква и направивме воздушни фотографии со нашиот дрон од самото село, по што слеговме во градот. Бидејќи за двете градски цркви на Дебар немаше или имаше оскудни фотографии, а истите се наоѓаа во близина на патот за Татар Елевци, на слегување од селото, ги фотографиравме овие две фотографии. Исто така, сакајќи да отидеме до историското село Пијанец, на работ на градското подрачје на Дебар, пронајдовме полусрушена црква, за која долго немавме ни име, но подоцна библиотеката на Бигорскиот манастир ни помогна со информации за оваа црква. По ова се упативме кон селата Кривци и Хаме, кои се мали по површина и кои брзо ги фотографиравме и преминавме на селото Баниште, каде особен труд вложивме во наоѓањето на гробишната црква. Иако ја знаевме точната местоположба на црквата и истата ја фотографиравме воздушно, сепак самиот пристап до нејзе беше скоро невозможен поради бујната вегетација и буквално моравме да кршиме гранки од самите дрвја и грмушки за да можеме да се доближиме до самата црква. Авантура и експедиција во вистинска смисла на зборот. Потоа продолживме до селото Спас, кое се наоѓа во близина на македонско-албанската граница. Потоа се упативме во селото Селокуќи, кое всушност има три издвоени маала, а ние со возилото го посетивме маалото со селската џамија, додека маалото Таранеш го фотографиравме дополнително со нашиот дрон. Оттаму, се вратиме до градот и повторно по асфалтен пат продолживме кон селото Коњари, кое е сместено во убава пошумена долина која води кон Црн Дрим. После Коњари, отидовме да ги пронајдеме раселените села Бомово и Трнаниќ, од кои буквално нема никакви остатоци, туку ги фотографиравме нивните местоположби. При фотографирањето на Бомово, го фотографиравме и селото Вичишта, кое се наоѓа во областа Голо Брдо. На крајот на овој ден ни останаа за посета селата Отишани и Џепиште, кои брзо ги поминавме наоѓајќи ги нивните верски објекти, како и едното училиште, кое го делат двете села. Втор денИсходСо фотографирани 39 нови села, повторно посетени и поминати над 500 километри, .
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија: Трета експедицијаГорен ПологПрв денВтор денИсходСо фотографирани нови села, повторно посетени, историско село и поминати над километри, .
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Четврта експедицијаКумановскоПрв денВтор денИсходСо фотографирани нови села, повторно посетени, историско село и поминати над километри, .
ФотографииСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia