Вичишта (Костурско)Оваа статија се однесува на село во Костурско. За истоименото село во Голо Брдо, погл. Вичишта (Албанија).
Вичишта (дијалектно: Вичишча; грчки: Νίκη, Ники, до 1954 г. Βίτσιστα или Βύτσιστα, Вициста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021). ГеографијаСелото се наоѓа на 24 км југозападно од Рупишта и на 8 км југоисточно од Нестрам. Лежи во северните пазуви на Одре, на левиот брег на реката Галешово. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВичишта порано било македонско село, чии жители биле истиснати од Албанци муслимани.[3] На крајот од XIX век Вичишта било осамено албанско муслиманско село во Костурската каза, обиколено од грчките села Ланга и Скумско од запад, македонските-христијански Езерец и Оловраде од југ и македонското-муслиманско Забрдени од исток. Во статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Вичишта (Вичани, Вицани) погрешно се води како грчко со 160 жители.[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вичишта е чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[5] Грчка статистика од 1905 г. го води Вициста како село со 200 жители „Турци“.[6] Треба да се напомене дека тогаш муслиманите неретко ги нарекувале едноставно „Турци“, не обраќајќи внимание на нивната етничка припадност. Вичишките Албанци, можеби под влијание на Албанската преродба, како и тие од корештанското изолирано албанско село Сливени, ја задржале наутралноста кон револуционерните борби на македонските соседи.[7] Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Вициста (Βίτσιστα) имало 30 муслимански албанојазични семејства.[8] Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), Вичишта пред Балканските војни имало 35 куќи на Арнаути муслимани.[9] При неговата посета во за време на Првата светска војна, тој забележал дека селото е сочинето од една голема и четири помали групи на куќи, и претпоставува дека ова може да се должи на видот на сточарство со кој се занимавале жителите, но и поради некакви етнички причини.[10] На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Вичишта е означено како албанско село.[11] Во ГрцијаЗа време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 579 жители,а во 1920 г. нивниот број изнесувал 592.[3] Во 1924 г. жителите се иселени во Албанија, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. селото било речиси наполно дојденско, со 121 грчки дојденец од вкупно 123 жители[12][3] или според други податоци било целосно дојденско со 38 семејства сочинети од 131 лице.[13] За време на Граѓанската војна Вичишта силно настрадало и жителите се повлекле во полските села, но по војната тие се вратиле во селото.[3] Во 1954 г. селото е преименувано во Ники, во превод победа. Жителите се занимаваат со одгледување на жито, овошје и по малку со сточарство.[3] Личности
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia