Како сликар изложувал во Сиднеј и онлајн (Art by Vlado Janevski - Enough Love or Gravity)[1]. Неговите слики се дел од приватни колекции во повеќе земји во светот. Во Македонија учествувал во ликовната колонија во Крушево. Како стрип автор редовно објавува епизоди од неговиот стрип „Палавковците Влатко и Емче”[2] во прилогот „Колибри”, во весникот „Нова Македонија”. Објавувал и карикатури во познатиот австралиски магазин „The Bulletin with Newsweek“. Ангажиран е како уредник за книжевно и ликовно творештво во австралискиот магазин „Везилка“ каде што претставува македонски автори кои живеат надвор од Македонија. Во Австралија се занимавал и со истражување и развој (Research and Development)[3] на полето на технологијата и бил дел од истражувачки тимови на познати светски компании, како БП (The British Petroleum Company)[4], АЛС (ALS Limited)[5], Кастрол (Castrol)[6], каде го дал својот допринес формулирајќи голем број на производи за индустријата.
„Не е за објавување”[18], наградуван расказ, (под псевдоним: bushy meat, во „Електролит“, 2006)
„Нема враќање“[19], збирка наградувани раскази, („Студентски збор“, Скопје, 1985), CIP - Народна и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, 88.6-31
„Современи авторски бајки“[31] („Феникс“, Скопје, 2021)
Зборник „Coбирање: Песни од ХХI Светски поетски конгрес“, Сиднеј 2003
Зборник со љубовна поезија „Коти на копнежи и страст", Сиднеј 2003
Зборник поезија „Поетски иселенички меридијани"[32], Скопје 1996
Антологија „Македонска поезија во Австралија", Сиднеј 1996
Награди:
„Скрипт фест“ - награда за најдобро сценарио за долгометражен игран филм на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“ во 2021 година, за сценариото „Под друга капа“[33].
Награда „Пегаз“ - за најдобар необјавен роман на годината во Македонија за 2020 година за романот „Мртвите знаат најдобро“[8].
Награда за краток расказ - Многупати бил наградуван на конкурсите за раскази на весникот „Студентски збор“ и на весникот „Нова Македонија“. Повеќепати бил наградуван и на конкурсите за краток расказ „Електролит“ (2006, 2007)[34] на „Темплум“ од Скопје, под псевдонимите bushy meat и bromofon.
Награда за бајката „Змејови и луѓе“ – на конкурсот „Современи бајки од Македонија“[35], 2021.
Награда за бајката „Папагалот и кучето“ - на конкурсот „Современи бајки од Македонија“, 2021.