Горно Крушари
Горно Крушари или Горно Крушаре (грчки: Έσω Αχλαδοχώρι; до 1926 г. Έσω Κρουσάρ, Есо Крусар или Άνω Κρούσαρι, Ано Крусари[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало во Солунското Поле, југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар) и јужно од главниот пат за Воден.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Горно Крушари било село во Ениџевардарската каза. На австриската воена карта е означено како Крушар (Krušar), а на картата на Кондојанис — Крусари (Κρουσάρι), што значи дека тие извори не го сметаат за одделно од Крушари (или Армутчи; денес Амбелес). Во ГрцијаВо 1912 г. е окупирано од грчки единици. Регистрирано е како населба со христијанска и муслиманска вероисповед, и македонски и ромски јазик. По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е заведена како село со 45 мажи и 40 жени. Во својот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го заведува селото со 5 македонски христијански и 4 ромски муслимански куќи (погрешно наведувајќи ги ромските како турски).[2] Во 1924 г. муслиманските жители се иселени во Турција и селото е напуштено. Во 1926 г. грчките власти му го менуваат името, преведувајќи го како Есо Ахладохорион, т.е. Внатрешно Крушево.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia